Јаг­на Погачник, една од најугледните современи хрватски книжевни критичарки, во заг­реп­ски­от дневен весник "Јутарњи лист" деновиве се појави со осврт кон ма­ке­дон­ски­от роман "Дваесет и првиот" од Томислав Османли, кој беше промовиран во сеп­тем­ври, а се појави во издание на загрепската издавачка куќа "Сандорф". Авторката на текстот во "Јутарњи лист", едновремено е и уредничка на посебна, строго се­лек­ти­ра­на прозна едиција на книгоиздателството "Алгоритам", една од двете најголеми из­да­вач­ки куќи во Хрватска.

По­гач­ник вели дека романот на Османли, со својата сложена структура го фаќа духот и ритамот на времето, но и предупредува на вечната и голема тема на преп­ле­ту­ва­ње­то на временските и просторните координати. Откако ќе отслика еден фабуларен тек на романот, Погачник ќе напише: "Иако склон кон излети во фантазмагоричното, па и кон симулирањето на виртуелниот свет, Османли, всушност, пишува за македонската ис­то­ри­ја и современост и, слој по слој, ги открива особеностите на ма­ке­дон­ски­от/балканскиот идентитет".
Зак­лу­чу­вај­ќи го својот не голем, но густо испишан текст, литературната критичарката ве­ли оти Османли пишува елегантно и мистично, по малку интелектуалистички, но се­то тоа не пречи за вистинско читателско уживање.
Ос­ман­ли, во Загреб учествуваше на книжевната манифестација "Сандорфова аван­ту­ра", во рамки на штотуку завршениот Саем на книга и, како што самиот вели, по овие медиумски активности, романот "Дваесет и првиот" во Хрватска се продава уш­те поуспешно.

Извор: Вест