логоFacebookTwitterYouTubeeMail


НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ИЗДАВАЧ ГО ОБЈАВИ "СЕСТРАТА НА ЗИГМУНД ФРОЈД" ВО АМЕРИКА


Вашингтон Пост пишува за Гоце Смилевски!


"Како Толстој, Гоце Смилевски избира едноставни зборови и ги поврзува така елоквентно што тие создаваат моќни и комплексни слики, идеи и чувства", вели критичарот Николас Мејер од Форуард


Во историјата на Македонија досега немало млад македонски писател што така силно одекнал во светот како Гоце Смилевски. Деновиве угледни американски весници како "Вашингтон Пост" и најважните книжевни медиуми како "Лајбрари Џурнал", "Буклист", "Паблишерс Викли", објавуваат позитивни критики за романот "Сестрата на Зигмунд Фројд", што неодамна го објави најголемиот светски издавач "Пингвин" од Њујорк.

"Вашингтон Пост" истакнува дека "Сестрата на Зигмунд Фројд" е "роман со голема длабочина чија поетска проза зрачи со иста сила и преку преводот на англиски јазик". Откако ќе констатира дека "како Толстој, Гоце Смилевски избира едноставни зборови и ги поврзува така елоквентно, што тие создаваат моќни и комплексни слики, идеи и чувства", критичарот Николас Мејер во неделниот весник "Форуард" подвлекува: "Ретко уметничко достигнување кое е мудро, проникливо и длабоко поттикнувачко".

Познатата американска теоретичарка Шошана Фелман, долгогодишен професор на Универзитетот Јејл, за "Сестрата на Зигмунд Фројд" вели: "Ингениозен, иновативен и длабок во нарацијата, овој роман претставува ангажирано читачко искуство за секој што се грижи за суштината на нашиот свет." Романсиерот Џеј Парини за делото на Смилевски пишува: "Ова е еден од оние ретки романи кои прават многу повеќе од тоа да ја донесат историјата во живот. Овој роман им дава живот на фактите и блеснува со оној вид на вечно актуелна реалност, што го прави да изгледа повистинит и од самиот живот".

Едвард Кон во "Лајбрари Џурнал" истакнува дека "Сестрата на Зигмунд Фројд" е роман со висок интелект, кој ентузијастички треба да се препорачува на сите интелигентни читатели каде и да се во светот.

За овој роман Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија. Делото се преведува на 30 јазици во светот.

Скапоцен камен од книга
Критичарката на "Буклист" Бриџет Торесон оценува дека "Сестрата на Зигмунд Фројд" е роман кој "открива високи и универзални вистини за темната страна на човечката природа". Месечникот "Паблишерс Уикли" романот на Смилевски го вреднува како "скапоцен камен од книга", а магазинот "Киркус" како "супериорно дело".

(Де.Т.)-Вечер



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 493
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 274
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 255
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »