логоFacebookTwitterYouTubeeMail


* * *


Темите се  менуваа од час  во час,  неповрзано, без  редослед, но со многу  жар  и спонтаност. Мила  загатна нова содржина.
- Што мислите за нашето однесување и облекување во Храмот? - сериозно запраша таа,  па продолжи: - Пред  некој ден на литургијата влезе млада жена, атрактивна, како симната од „Плејбој". Носеше кусо здолниште и длабоко деколте. Сите погледи се свртија кон неа, а штотуку се читаше од Евангелието. Некои, пак, си шетаа по Црквата, сѐ  до  олтарот,  како  да  сакаа да  бидат  видени.
- Од незнаење го направила тоа - продолжив јас - и сите ние сме се однесувале така на почетокот, сѐ додека  не нѐ  научија. Кога  би знаела таа жена каде влегува и пред Кого стои, толку  недостојно би се  почувствувала, што во истиот миг  од срам би се покрила до земја. Наместо во длабоко  внимание да го следиме  секој  збор  од литургијата или во себе  да си кажуваме молитва, некои  кои не  знаат, меѓу  себе  си  шепотат, си  разговараат на разни теми, можеби затоа што се верници само  по  форма. Сум видела и вистински верници како  стојат смерно, со главите надолу, со големо почитување кон оној  до себе.  Оние  другите, пак, шетаат до пред олтарот и на големите икони  ставаат маици,  крпи, лепат валкани пари  и што  ли уште не, а замислете, во тој миг се чита  „Символот  на  верата"  или  „Оче наш"! Тогаш   дури  и болните  треба да станат од клупите и со набожно внимание да ги следат зборовите. И мене ме научија дека  во „Символот на верата" ние  го признаваме и  славиме Отецот, Синот и Светиот дух. Таму се содржи суштината на целото православно учење. Сите активности што пред малку ги спомнав, луѓето можат да ги прават пред  или по литургијата, затоа што со право другите верници се жалат дека тоа однесување ги  деконцентрира, ги соблазнува.
- Може  ли на  оваа  тема  да  ви прочитам нешто од „Светото евангелие pо Матеј" (Мат. 6,5)? - замоли Мила:  „И кога се молиш, не  биди како  лицемерите што сакаат да стојат по синагогите  и раскрсниците за да  се молат и да се покажуваат пред луѓето".
- Ти благодарам, Мила - ѝ реков, па продолжив. - Каде е љубовта спрема ближниот  свој,  кога на највозвишениот чин, кога се зема светата причест,   само што не попаѓале некои луѓе заради туркањето на оние зад  нив? Тоа го прават како да купуваат леб на пазар кој штотуку ќе го снема, како небаре да  се случила елементарна непогода. Е, така ми личи  овој божествен чин. Наместо да се радуваме што  некој непознат за  нас - нашиот ближен стои пред  чашата со светињата, ние напротив, љубоморно,  гневно, газејќи ги другите, трчаме да бидеме први  во  редот. Ќе  се  причестам, секако, но дали  ќе  ми биде од полза? Зашто, газејќи го ближниот сум  погазила сѐ. Радоста на оној што го прима  телото и крвта Христова треба да биде  радост на  сите  присутни таму. Затоа,  никој  од нас,  без  поголема потреба, не  би требало да го напушти храмот, сè  додека  не се  причести и последниот наш  брат  што стои  во редот.  Колку би  било  убаво,  кога  нашите свештеници, покрај литургијата, би се  погрижиле и  малку  поупорно да нѐ едуцираат.
Во духовните книги јасно  ни е објаснето дека  најпрвин се  причестуваат децата, како  најмили на  Бога, по  нив  болните и  повозрасните, потоа мажите и на крајот  жените.  Секој  секому треба да е спремен да му отстапи предност - го доискажав тоа  што ме научиле и што ми лежеше на срце.


* * *

Снежана беше енергична жена, долгогодишен  успешен бизнисмен, храбра, одлучна и самостојна личност. Таа на оваа  средба не дојде  сама,  туку  ја доведе и својата ќеркичка. Софија беше убаво  девојче на  околу  десетина  години, но сепак, кога  ќе погледнев во нејзините по малку тажни  очи,  се добиваше впечаток дека  пред  мене стои  возрасна  девојка, полна со мудрост и искуство. Веќе  неколку часа  мирно  и внимателно издржа  на едно  место,  слушајќи нѐ, што беше  доста невообичаено  за  нејзината  возраст.  Нејзиното детско гласче се разлеа низ  просторијата:
- Јас сакам овде  да ве прашам нешто вас  големите. Цело ова време ве слушам како само  зборувате гласно, дури и се карате. Зошто не  почнете да правите добро,  а не само  да зборувате. Правете  и молчете! Еве, и мама не  го  знае ова  што сега ќе  ви  го  кажам.  Јас  си  молчам, никому   не зборувам, а секој ден  на  големиот одмор  мојот кроасан му го подарувам на Мартин, кој нема пари  да  си  купи. И друго  си  правам  скришно. Еве ова:
„Оче  наш,   што  си   на  небесата,  да  се свети името твое, да  дојде  царството твое,  да  биде волјата  твоја,  како на  небото, така и на  земјата...".
Откако ја кажа  докрај   Господовата молитва,  на изненадување на сите, продолжи: „Сѐмилостива  Владичице  моја,   Пресвета  Госпоѓо...", ја доврши докрај молитвата кон  Мајката Божја.  Тогаш  седна  на  столчето, како  да  беше  на час,  без  ниту еден збор  повеќе.
Снежана заплака од љубов,  а ние  останавме
со  подзинати  усти   и  со  сознанието,  дека   кога благодатта ќе се всели, особено кај децата, најчистите по душа, не е потребно знаење однадвор по  секоја цена. На крајот Софија  ми  се  обрати мене:
- Тетка  Марија, јас  и ти треба почесто да се среќаваме. Ќе ме учиш ти, но и јас по малку  тебе.
Ја прегрнав и ѝ ветив  дека  така ќе биде.
Нашето дружење за тој ден беше  завршено.


* * *

Сега,  кога   сите   си  отидоа,   ред   беше   да  се опуштам и  да  ги  погледам розите во мојата градина. Вниманието ми  го  привлече нешто друго, што  не  го бев забележала дотогаш. Три јаболчиња со нормална големина висеа на малите кревки гранчиња од  јаболкницата што ја засадивме лани. Призорот  ме  воодушеви  со  оглед на   тоа што  целиот живот го поминав во суров градски амбиент, па затоа  со восхит  си велев: „Посеав семе, израсна нежно плашливо гранче и тоа  донесе плодови. Толку  многу  кревко, а сепак  ги  издржа ударите на  силните дождови  што  овде  го шибаа, на  снегот што стегна врз него  и пеколните жештини  што  сакаа да  го  изгорат. Но,  моето  дрвце одолеа на искушенијата и донесе плодови. Колку и да  беше  престрашено од првото свое искуство, како да разбра  дека, всушност, дождот  го напои, снегот го стопли, а топлината го  возвиши. Трите плодови беа дело на неговата упорност, издржливост и љубов."
Размислував дали да го наберам првото   јаболко  во  мојот  живот,  што  самата го  засадив. Ја испружив несигурно   раката  и  го  почувствував плодот во дланката со толкава љубопитност, како во животот  за прв пат  да гледам такво  нешто.  Ја повлеков назад со чувство  на вина  и констатација дека, сепак, не му е време за берење. „Да го оставам  уште  малку,  нека зрее, додека  не му дојде  денот", си реков.
Но, нешто не ми даваше мир, а тоа  беше  мојата невообичаена љубопитност. Колку би сакала да знам,  да видам  каков  вкус има  моето прво  ја- болко,  од мојата прва  јаболкница,  во мојата прва  градина.
Љубопитноста победи. Го скинав и го принесов  кон  забите како  никогаш порано да  не  сум вкусила јаболко. Загризав. Почувствував горчливо-киселкаст вкус.

Згрешив и се покајав. Требаше да го оставам да созрее.  Тогаш  зрелиот плод  самиот ќе  ми  го понудеше својот  мирис и пресладок вкус.


* * *

По два  дена  со  задоволство пак  бевме   сите заедно. Најнапред водевме неврзани разговори, а прв со тема  настапи Никола.
- Ве молам да го чуете овој настан што вчера го  доживеав  и  ми  остави   силен впечаток. Ќе  се обидам  да ви го пренесам,  без  да  судам,  но ете, нека ни биде  некаква поука  на сите  нас.
Неколку години се дружиме со едно  семејство,  особено со Магдалена, нејзините три  деца и сопругот, и со Сара, наша заедничка пријателка, која  на  прв  поглед е малку чудна, интровертна и таинствена личност.
Буквално при  секоја средба  со Магдалена, ја слушам  истата приказна; незадоволство од сѐ  и секого, особено од  нејзиниот тежок  живот  во семејството. За  краток  период  ѝ се  случија збиени непријатности - болести, проблеми за гола  егзистенција, проблеми  на   работа.  Сара, пак,   колку што  имаше  сили,  беше  околу  неа  во сите  тешки моменти.
Пред   извесно  време  ја  сретнав  Магдалена
близу пазарчето во Тафталиџе. Уште  непоздравени  почна со оплакување на  својата судбина.  Но овој пат,  го чув  и следното што,  најблаго речено, ме растажи: „Слушај,  Никола, Сара  има  добро  срце и јас  ја почитувам, но  не  можам  веќе  да  слушам  како  секој  нејзин  втор  збор  е:  Божја  волја ова,   Божја   волја   она...,  академски  граѓанин  е, учена жена,  па еднаш ја прашав: каде  е таа  Божја волја, каде  е Тој да го видам?"
- Е, по ова,  морав да  ѝ одговорам - продолжи
Никола.
„Магдалена, пред  три  години сопругот ти беше на операција, а ти беше  во огромна грижа,  се жалеше дека  немаш  пари   за  терапијата што  му беше   потребна. Знам  дека Сара  уште   следниот ден  дојде  кај  тебе  дома  со доволно пари  и несебично  ти ги  подаде. Дали  ти  тоа  го виде  со сопс- твени очи?"
„Така  е, така  е, тоа не се заборава", одговори
 
таа.
 


„Второ,   кога   бевте   избркани од  станот под
 
кирија со  целата покуќнина среде зима, што  се случи?  Сара ви ги  отвори  вратите од својот  скромен  дом  и ве  утеши  дека сѐ што  е нејзино ќе  поделите, сѐ додека не најдете вистинско решение. Дали  се сеќаваш и дали  го виде  и тоа со сопстве- ни очи?"
„Кога   синчето  требаше  да   го   запишеш  во петто  одделение и  кога  немаше пари  за  книги, кој  ти  ги  донесе сите потребни учебници, дури  и без да побараш? Дали  и тоа го виде со свои очи?"
„Така  е сѐ,  но  сѐ уште  не  сфаќам што  сакаш да ми кажеш."
„Еве,  ќе  се  обидам. Пред  малку  ти  ни  кажа дека  си ја прашала Сара  каде  е Божјата волја,  каде е  Тој?  Мила  Магдалена, зарем  и  покрај   ова мое објаснување, сѐ  уште  го  бараш и не  го  гледаш Бога?!"
Никола заврши со приказната за Магдалена, но  уште  долго  продолжија коментарите  на  оваа тема  со други слични примери.

 

* * *


По овој  разговор некој  се  надоврза и  ја наметна темата за соништата. Бидејќи оваа  активност  се  совпаѓа  со содржините од падот, повторно се обидов,  по кој знае кој пат, да дообјаснам:
- Неверојатна е креативноста на  поднебесни
те сили  кои по секоја  цена  се  трудат  да ги  оттргнат  умот  и душата на  човекот од изворот, од мо- литвата, од Бога.  Средствата и начините се  раз- лични, но целта  е секогаш иста  - да нѐ оддалечат од вистинскиот пат. Дали во  Евангелијата  сте сретнале  барем еден   збор  за  верувањето во  соништата,  гатањето, баењето и други  такви работи?  Дали  сте  прочитале  дека  треба да  се  појават нови  месии во светот на  кои  треба да им  верува- ме или  дека  грижата кон ближниот свој треба да се наплаќа? Од друга  страна, пак,  дали  оние  кои не наплаќаат се вистински избраните и по тоа ќе ги препознаеме!?
Бети,  со  недоверба и  резерва, ми  влезе во збор, прашувајќи:
- Марија, моите  и соништата на  многу  други луѓе навистина често се остваруваат, ни претскажуваат настани. Што ќе речеш на тоа?
- Зарем сѐ уште не ви се јасни моќта и стапиците што ни ги поставува  лукавиот? Тие  имаат моќ да ги реализираат буквално зборовите на толкувачот или сликите на сонувачот. Така и едните и другите возгордеано ќе почнат да  се потпираат исклучиво на себе наместо на Бога; ќе живеат во страв, немир  и исчекување.
Никола без најава се вклучи  во разговорот.
- Има  и нешто друго,  луѓе.  Многу често ние го предизвикуваме, го материјализираме она што самите го мислиме. Сигурно сте  чуле  кога во народот ќе се рече: „Си искоби човекот", или  „Сугестијата го уништи", или пак, „Оној човек постојано негативно размислуваше и затоа сѐ  лошо му се случуваше". И обратно, се вели: „Сѐ им оди од рака на позитивните луѓе, на оние  полни  со оптимизам". Нели,  Марија?
- Токму така - одговорив, па продолжив:
- На  обичен простодушен човек кој на пример,  се занимава со земјоделие и никогаш не помислувал на вакви активности, може  одненадеж да му се случи  следново: неочекувано, без  негова волја, да добие вистинско видение на сон,  веројатно, не повеќе од еднаш во животот. Но, видението секогаш е конкретно и точно,  во себе  носи значајна и суштинска порака, што на   пример, упатува до  некое  археолошко  откритие или  пронаоѓање на  темели од некое свето  место. Секако, тоа евентуално се  потврдува подоцна, но ниту  во овој  случај  никој  со сигурност не може  да  тврди  дека  информацијата е од Бога.  Тој човек  не смее да  си  вообрази дека  е „избран" и дека  затоа  треба да му помага на народот.
Бети по втор пат нетрпеливо ме прекина и ме праша:
- Марија, на  сон  точно  сум ги видела ликовите  на Света Петка и на  Мајка  Богородица. Како може тоа да е лага?
Се обидов  едноставно да ѝ објаснам:
- Бети, се сеќавам дека пред петнаесетина години ти со  воодушевување раскажуваше за една  твоја пријателка, која  имала лице  на  светица. Дали  таа остана светица и тогаш кога ти го растури  бракот и  кога  ти  го  украде сопругот?  Таа влезе  во твојот  дом глумејќи ангел само  за да  те заведе, а со намера да ја прифатиш како искрена пријателка. Доколку настапеше со вистинското лице и со признанието кое би звучело вака: „Бети, јас се преправам, те мразам, со намера сум да ти го преземам сопругот и на крајот да те уништам",  одговори ми, дали ќе ја прифатеше и ќе ѝ веруваше?
Така  е и со лошите духови  кои  честопати во нашите соништа ни  се  претставуваат како  ангели,  светци, за  да  нѐ  убедат  и прелажат. Тие можат да  не возгордеат до таа  мера, така што сите  животни  ситуации ќе почнеме да ги подредуваме на  толкувањето на  сопствените соништа. Каде е тука слободната волја?
Толкувачите на соништата и другите „надарени" неретко го изјавуваат следното: „Јас помагам, јас лекувам, јас пророкувам, јас толкувам, јас...  јас..."
Дали сте прочитале било каде  барем  за еден пример дека  луѓето кои  живеат во вистински духовен подвиг - светите отци, духовните подвижници и други - говорат и се фалат со  своите  искуства?  Напротив, тие молчат и во страв,  претпазливо испитуваат од кој дух доаѓа конкретното видение или некој  друг дар.  Со која  храброст, пак, овие толкувачи на сѐ и сешто, преполни со страсти, желба за профит и слава, се повикуваат на Бога? Тие дури честопати ќе ве учат  за Божјите работи, за постот, молитвата, за Светата Причест, ќе ве упатуваат по цркви и манастири, без да знаат што прават.
Зашто, можно ли е да живееме во Едниот Бог Отец  и Синот  и Светиот Дух, а истовремено да се поклонуваме  и  да  му  служиме  на   другиот  т.н. бог!?  Христос јасно нѐ предупредил дека треба да внимаваме да не бидеме прелажани од лажните месии и спасители, од лажните пророци.


* * *

Јулијана, очигледно  внимателно подготвена, по  подолго  време ми  се  обрати со  темата чија што содржина беше  многу  специфична и суптилна, а за многумина од нас,  сѐ уште неосвестена.
- Зошто  абортусот се  смета за  убиство и  е под голема осуда од Црквата и се разбира, од Бога? Размислувајќи на оваа тема, ги запишав зборовите на старецот Клеопа, кој ни дава одговор  на  ова  прашање. Токму  сега ќе  ви прочитам некои делови  што  ги одвоив и кои  при  првото  читање ме оставија без здив.
„...Жените кои ги пометнуваат своите деца, независно со какви средства, се нарекуваат чедоубијци, а не мајки и примаат тешки казни уште во овој живот.  На жените кои грешат и го убиваат чедото во утробата, силејќи се да извршат убиство, да не им биде дозволено да се причестат пред  крајот  на животот..."
„...Бидејќи така се убива животот, се губи  душата,  како на убиениот, така  и на оној кој го  извршува  убиството..."
„...При зачнувањето на секое чедо во утробата  на неговата мајка, уште од почетокот Бог всадува бесмртна душа во секој човек..."
„...Потоа, душите на пометнатите деца,  некрстени, не  можат да влезат во Царството Божјо, туку го чекаат страшниот Суден  ден,  кога  самите,  пред праведниот судија Исус Христос, ќе  ги обвинат родителите кои ги убиле..."
„...Всушност, жените  кои  ги  убиваат своите
деца  нека разберат дека  се  убијци  на  созданија Божји и нивната вина е доволна да  одат  во пеколот огнен..."
„...Впрочем,  нека знае  секоја  жена  која на било каков начин ги убивала своите деца, дека  не ќе ја избегне казната Божја..."
„...Тогаш, како ќе ги избегнат временските и вечните  казни оние  мајки  кои  ги убиваат своите деца? Која земна ѕверка некогаш ги убивала своите младенци?..."
„...Сепак, родителите на детето ќе се исповедаат и ќе им  се одреди  епитимија, сообразно на нивната грижа  или  негрижа. Односно да крстат или да однегуваат некое сиромашно дете, да посетат некое свето  место,  да даваат милостина, да прават метании, да го држат  постот  итн."
По овие поучни зборови на Старецот Клеопа, како никогаш досега, во просторијата завладеа мачна тишина.  Страшното сознание нѐ прострела како гром. Никогаш толку силно не сме го разбрале   ужасниот грев што се прави кога секојдневно, рутински и едноставно како кога вадиме заб, ги убиваме сопствените деца.  Ги убиваме без да им дадеме шанса да ја започнат и да ја завршат  својата мисија на Земјата. Којзнае какви ли не  дарови, потенцијали и дела носеле во себе  неродените?
Моравме да направиме пауза заради мачнината  што сите  ја почувствувавме...

* * *

Глорија започна искрено да ни го открива својот проблем  што долго  време ја измачувал.
- Морам да признаам дека многу често, најпрвин  на шега, ги читав дневните хороскопи во весниците. Како што поминуваше времето, почнав  сѐ повеќе да се потпирам на  нивните совети и според тоа да го организирам мојот живот. Подоцна  станав сериозно и опсесивно зависна  од нив. Ми направија и натална карта. Ниту најблиските немаа влијание врз  мене,  да сменам некоја одлука  која не  е  во  склад  со  астролошкиот совет  за тој ден.  Може ли некој  од вас да ми каже нешто повеќе околу ова?  - го заврши прашањето Глорија.
- Јас имам  некои  свои сознанија за оваа  тема  што сакам да ги споделам со вас - прозборе Никола.
- Не навлегувам во тоа колку астрологијата, што некои ја нарекуваат наука, е вистинска или лажна. Оставам секој  сам  да си формира мислење за тоа. Но, какво влијание има таа  врз психологијата  на  консументот, во одредувањето на  неговиот слободен избор,  дали  го поттикнува и му помага или го прави нејзин роб и послушник, тоа  е веќе  друго прашање. Основно е тоа дека и  најпрецизните, дури научно верифицираните сознанија, на  пример, во медицината и др., никогаш не докажуваат дека  „два  и два  се четири". Постојат и изненадувања  и  мали  отстапувања.  Говорам  за сериозната егзактна наука и нејзините парадигми.
Ако распоредот на  планетите и  ѕвездите во мигот на раѓањето на човекот влијаат одлучувачки врз оформувањето на личноста и неговиот животен   тек, се прашувам  тогаш,  каде  е  неговата слободна волја?  Каде е тука влијанието на наследството (гените), домашното воспитување, каде е самоусовршувањето во однос на етичките принципи или личната трансформација, живеејќи во Бога?
Остроумните астролози  веднаш  би  имале свој одговор:
Астрологот само  советува, дава  информации
на кој  начин личноста по  слободна волја  може да  ги  избегне  неповолните ситуации и да  ги фаворизира позитивните.
- Се прашувам, - продолжи Никола - ако  ми е
сугерирано дека вистината, мојот единствен излез,  лежи најточно во ѕвездите, дали тоа не значи условеност, зависност од  одредена информација, па тогаш,  каква е таа слободна волја, штом е подредена исклучиво на видливите знаци и „пораки" на ѕвездите!?
Астролозите одново ќе имаат  сличен одговор:


„Никој  не ве принудува, сами  си  одлучувате
 
дали верувате или не на астрологијата."
Е, тоа  веќе  е перфидна и лукава замка,  повторно условување, што би требало, отприлика, вака да се преведе:
„Доколку не сакате да го послушате советот, тогаш ваша ќе биде одговорноста за последиците кои би следеле, зашто одлуката е ваша, по  слободна  волја."
Астролозите одлично ја познаваат психологијата на паднатиот човек - неговата подводливост, сугестибилност, малодушност и незнаење и затоа суптилно ја подметнуваат идејата дека астрологијата е единствено  одбрана  со  нејзина помош  да се  одбегнуваат негативните  настани и да се искористат позитивните. Индиректно како да треба да сфатиме дека  Господ  ним им ја одредил посредничката улога да  зборуваат во Негово име.
Не знаат, зашто ретко го спомнуваат Божјото име, дека непријатните денови (периоди) со настаните што ги носат, не треба да се одбегнуваат по секоја цена. Таквите настани треба  спремно да  се  дочекаат, зашто понекогаш носат  порака, знак,  па  така можат  да  бидат  спасителни за нашето растење. Токму затоа народот често вели: „Секое лошо може да е и за добро."
Според нив, треба да сфатиме дека треба да бидат  благодарни  сите   оние   кои  чуле   и  се  во спрега со нејзиното божество астролошката „наука". Оној што случајно се родил  во  „Тунгузија" и не  чул  за неа - кој му е виновен - ќе  си  умре  во незнаење дека  можел  поинаку да  си  го  проживее животецот свој.
Никола, во мисловен занес, продолжи понатаму:
- Секако дека сѐ што е во некаков однос со човекот е по  устројство на  Творецот. На  пример, месечината  ја  предизвикува  плимата и  осеката на  океаните и морињата, а  според принципот  на аналогија, за  очекување е  дека  таа  влијае  и врз човекот, зашто телото на возрасен човек содржи околу седумдесет проценти вода. Ако одиме понатаму и другите небески тела, веројатно, имаат влијание  врз планетата  Земја,  живиот   свет   на неа, па и на  човекот. Но, да се придава толкава важност на  влијанието  на   небесните   тела   врз личноста на човекот и  неговата  судбина, благо  речено, сепак е несериозно.
- Па, луѓе  - продолжи Никола - кој е Творецот на  Земјата,  планетите наоколу, ѕвездите, соѕвездијата, на бесконечноста? Повеќе од  сигурно е дека  астролозите знаат за Врвниот  Креатор, за Бог, Творецот на сѐ. Ако Тој создал совршен план за  бесконечен  број  на  галаксии,  небесни  тела, толку  ли не  знаел што  ќе прави  со човекот и по Неговата премудрост со неговата слободна волја? Она што овие  ни  го  прават,  заедно со гатачите, бајачите, предвидувачите и самиот Бог не го пра- ви. Слободата ни ја дава  безусловно, но ни го по- кажува и начинот за вистинско насочување. Но, токму ова не трае само  пет  минути и не  се  чита во  дневниот печат.  Тоа  насочување претставува уметност на живеење, преумување, себепронаоѓање преку  сопствен опит  на  тешкиот пат,  кој трае до крајот  на животот.   Насочување - да, но од знаењето на  единствената наука над  сите   науки,   - додаде Никола.
Тој ни  посочи и еден  друг  пример.  „Се раѓаат  еднојајчени близнаци, нормално во исто место, ист  ден,  час, минута. Во текот на  животот  едниот   направил избор да биде монах, а другиот разбојник." И сега,  што  ќе  рече астрологот?  Тој пак  ќе има одговор, наводно  дека  биле  пресудни тие триесет  секунди разлика во кои  разбојникот се  родил  подоцна! Не знаејќи, многу  штета е нанесена, многу  судбини се  променети  со овие  појави, што  секако не  е без  последица по  нивната карма, според принципот на причина и последица - мислам на кармата на астролошките проповедници.
Во продолжетокот ни раскажуваше еден  вистински пример за таков уништен живот: „Девојката што ја познавав  беше  слепо  посветена, скоро  зависна од чудото  на  хороскопот.  Инаку,  живее во близина на Прилеп. Се подготвуваше  нејзината свадба по шестгодишна врска со нејзиното момче. Вечерта, непосредно пред   свадбата, случајно или  не,  беше  известена  дека  токму  тие два-три дена  имала лоши  (астролошки) т.н. аспекти на емотивно поле, дека  тогаш не било препорачливо  да се  донесуваат важни  одлуки  на  љубовен  план. И знаете ли што се случи?  Кутрата таа најпрвин беше во шок,  потоа побесне, па  удри  во хистеричен плач. Следуваше убедување кај родителите дека  свадбата мора  да  се  одложи  до следната недела... Во семејството настана ужасен немир. Убедувањата  од  родителите не  допираа до неа. Таа ноќ имаше и меѓусебни  тепачки. Во тежок стрес Наташа ја искина венчаницата, се  заклучи  на  горниот кат  и следниот ден  не  се  појави  во црквата. Каков невиден срам беше тоа за нејзините  родители, болка  кај  многу  други  блиски  луѓе, во семејството на младоженецот...!"
Затоа ви велам:  нека чуе астрологот што понатаму се случуваше, за да го сфати бремето на сопствената одговорност. Толку многу солзи на едно  место! „Младоженецот никогаш не ѝ прости.  Неговите родители, исто  така,  не  сакаа повеќе  да чујат  за неа.  Наташа подоцна се покаја, бараше прошка, но, не ја доби. Таа тоа  не го преболе. Веќе  четири години се лекува во психијатриска  установа од т.н. реактивна психоза!" Колку невина работа е слободната волја, условена од астрологијата, нели? - видно вознемирен замолча
Никола. Молчевме и сите  други во одајата.


* * *

По подолга пауза  повторно Јулијана побара збор.
- Ме интересира значењето на бројаниците, оние што ги носат младите на рацете повеќе за украс. Не мислите ли дека поим немаат што значат  тие и зошто  служат?
- Еве, што јас сум научил за таа работа од дружењето со некои  мои пријатели монаси - одлучи да одговори Христо. - Секое топченце на бројаницата го плетат продуховени луѓе,  често  и монасите. Го плетат со љубов и молитвено. Низ  вековите наназад, светите луѓе со помош на  бројаницата, ја изговарале молитвата над сите  молитви  -  Исусовата  молитва.  Таа  гласи вака:  Господе Исусе Христе,  Сине Божји, помилуј ме грешниот (грешната)". Монасите се  подвигуваат  на  оваа  молитва, со  љубов,  целиот свој  живот.  Не знам колку сум во право, но сум чул  дека  некои  ја кажуваат и по илјадници пати  во текот на денот.
- Сакаш да кажеш, Христо,  дека  бројаниците не  треба да  бидат  мода,  ниту  дека  сама по  себе штити  од лоши  сили,  како што мислат некои.  Таа
не смее  да  се  поистоветува со  амајлија, така ли е? - потпраша Јулијана.
- Во никој случај, таа помага за усредоточување  на умот во молитвата. Значи, силата не е во бројаницата, туку во верата со која се изговара Исусовата молитва. Според тоа, самата  бројаница,  ако  ја носиме без  да  знаеме зошто,  не  ни  користи ништо.
Кога сме  веќе  кај  молитвата, ќе  ви раскажам еден  случај  за неприфаќањето на Божјата волја - побара да зборува Христо.
Подолго време познавам  еден   брачен  пар. Тие се  неверојатно добри  луѓе  и големи верници со вистински дела. Еден  период  постојано  упатуваа  молитва кон Бога и Мајката Божја со барање нивниот син да се школува во Германија кај сестрата на жената. Во една прилика забележав дека верата им се расколеба,  зашто  по толку  многу молитви постојано наидуваа на некоја пречка. И покрај молитвите, желбата не им се исполни. Така  тогаш размислуваа тие. Но, што се случи  подоцна?
Пред  извесно време,  кога  повторно ја сретнав  таа моја пријателка, ме изненади со изјавата што ја чув: „Фала  му на Бога, што не дозволи Милан  да отпатува на школување во Германија. Отпосле  дојде до нас веста дека внукот на мојата сестра веќе подолго време е зависник од хероин. Каква  трагедија! Само кога ќе помислам во кој амбиент требаше да живее нашето дете и во што подоцна можеше да се претвори под влијание на тоа  дружење. Колку неправедно му се лутевме на Бога   што  не  ги  исполнува  секогаш нашите молитви   - продолжи таа. Заборавивме дека во молитвата баравме само она,  што е најдобро за нашето  дете.  Очигледно Тој ја услиши нашата молитва, само  што  тогаш ние  не можевме да  го  видиме  тоа што Тој го гледа!"

* * *


Темите се редеа во бескрај.
- Марија, околу  ова  разбравме од излагањето на Христо. Но,  сите  заедно се договоривме да те запрашаме, онолку  колку ти што знаеш, за Светата Тајна Ефхаристија или за Светата Тајна Причесна - ми се обрати Снежана.
- Бидејќи го знам само она што сум го прочитала  - одговорив - сепак, ќе  се  обидам  да  ви прераскажам и еден необичен пример што  го чув од почитуваниот свештеник Р од Соборниот храм.
Кога во вашиот дом треба да пристигне и да гостува некој за вас значаен гостин, што вие го љубите и почитувате, сериозно се подготвувате за неговиот дочек. Настојувате домот убаво да го исчистите одвнатре и однадвор, па сѐ до дворот. Потоа, вие се промените во чиста облека и така спремни со радост достоинствено му ја отворате вратата за тој да влезе  во домот.
Ако тоа го правите за обичен човек, ваш пријател, замислете си со колку грижа, љубов и достоинство треба да го пречекате Господ Бог да дојде при вас, во домот ваш. Најнапред го чистите  вашето тело од прејадување со тешка и мрсна храна, од препивање, зашто тие две страсти го заматуваат умот. Прејаден човек - дремлив човек!
Што е уште  поважно, го чистите умот и срцето  од нечистотите: гордост, љубомора, завист, скржавост, егоизам,  злопаметење, непростување
на оние кои ви згрешиле, лоши мисли, лоши  зборови и се друго  што го гнаси  срцето.
Така спремни, чисти и уредни одвнатре и однадвор, ја отворате вратата на срцето за Тој Вистинскиот Бог да се всели во вашиот дом - во вас.
Тоа треба да се случува секогаш кога се подготвуваме да се причестиме со виното и лебот  што Светиот Дух ги претвара во крв и тело  Христово. Во спротивно, самите ние ќе си предизвикаме само штета, примајќи ја  неподготвено и  недостојно.
Гледам дека ве заинтересирав. Затоа ќе ви прераскажам уште  еден  пример од истото духовно  лице, што се однесува на слабата вера кај човекот.  Многумина формално ја примаат Светата Причест, не знаејќи за нејзината суштина и сила, не знаејќи ниту од кого  ни е пратена, ни што таа содржи, ниту какво  значење има  за душата  на човекот.
„Младата мајка со слаба вера, повеќе од традиција или затоа  што другите така  ѝ рекле, го зела в раце своето четиригодишно девојче и тргнала  да  го  причести на  ден Божиќ. Чекајќи така во редот, гледала како другите се   причестуваат пред  неа, па  почнала да  размислува вака: `Гледам толку  луѓе,  стари и млади, убави,  грди, болни, што барам јас тука со моето дете?  Може само да си го разболам   дополнително  од  таа   една единствена лажичка што сите  ја  ставаат во уста. Ако не повеќе, ќе му се направат ранички околу устата.`
Додека така размислувала и не забележала дека веќе стои пред путирот и испружената  лажичка. Во тој миг таа  го стиснала детето на  градите  и  возбудено рекла: `Не, не, не ни треба тоа!` И  веднаш во паника избегала од редот на големо изненадување на  свештеникот и  на  присутните.
За онолку  време,  колку  што ѝ требало  да стигне дома, околу дваесетина минути, во ужас и страв видела дека целата  уста  на  девојчето, однадвор и одвнатре, заедно со јазикот, била полна со ситни  ранички, слични на херпес. Се случило токму тоа што го помислила, тоа од што се исплашила кога  стоела пред најискупителната тајна за спас на  човекот. Заклучила дека тоа не можело да го  предизвика страшната лажичка, бидејќи таа  навреме ја одбегнала. Но набргу, ја сфатила пораката, го препознала ’знакот’,  па  избезумено и со  каење  се вратила кај  истиот свештеник, но сега веќе  со силна  вера, барала причест за нејзиното девојче. Тоа не било можно, бидејќи веќе било доцна. Но затоа, свештеникот ја исповедал и ѝ прочитал други молитви. Набрзо потоа, на  нејзино чудо,  сите  промени од устата на  девојчето едноставно исчезнале." Инаку, настанот е вистинит и ви го пренесувам така  како  што и мене ми беше раскажан.
Одново дојдовме до истиот заклучок. Жената ја  спасила  верата со  која  силно  и  ненадејно се здобила.

 

 

(Продолжува)
* * *
Сите настани и ликови во романов  се апсолутно веродостојни.
Сменети се само  имињата  на некои  ликови

Друго:

Matka.odLit4.jpg

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 487
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 268
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 250
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »