"Чу­дес­на Ма­ке­до­ни­ја" за си­те до­ма и за си­те стран­ци

Кни­га­та "Чу­дес­на Ма­ке­до­ни­ја", што не­о­дам­на из­ле­зе од пе­чат во из­да­ние на "Мла­дин­ска кни­га"-Скоп­је, не е ни­ту мо­ног­ра­фи­ја ни­ту ен­цик­ло­пе­ди­ја.

Пе­ча­те­на е во го­лем фор­мат, па на­ли­ку­ва на ен­цик­ло­пе­ди­ско из­да­ние. Има око­лу 530 стра­ни­ци и над 700 фо­тог­ра­фии, а, се­пак, е ма­ла за да ги со­бе­ре си­те уба­ви при­род­ни бо­гат­ства и го­ле­мо­то кул­тур­но нас­лед­ство на Ма­ке­до­ни­ја.
Кон­цеп­ту­ал­но, кни­га­та е за­мис­ле­на ка­ко прет­ста­ву­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја пре­ку 100 ло­ка­ции и во тие рам­ки се да­де­ни мес­та, пла­ни­ни, се­ла, ар­хе­о­лош­ки ло­ка­ли­те­ти, црк­ви, џа­мии... Тоа е из­бор на мес­та што им се поз­на­ти ре­чи­си на си­те гра­ѓа­ни на оваа зем­ја, но и по­мал­ку поз­на­ти об­лас­ти, скри­е­ни во­до­па­ди, пеш­те­ри, се­ла и пла­нин­ски вр­во­ви. Спо­ред кре­а­то­ри­те на оваа кни­га, глав­ни­от и од­го­во­рен уред­ник на ова из­да­ние, Ла­ви­ни­ја Шу­ва­ка-Хо­џиќ, фо­тог­ра­фот На­це По­пов и тек­сто­пи­се­цот Ма­ри­ја Са­рев­ска-То­до­ров­ска, "Чу­дес­на Ма­ке­до­ни­ја", со сво­ја­та раз­но­об­раз­ност и со­др­жи­на, е кни­га со ко­ја ќе се гор­дее се­кој гра­ѓа­нин, кни­га за се­кое се­меј­ство, без ог­лед на не­го­ва­та на­ци­о­нал­на и вер­ска при­пад­ност.

Извор: Вест