логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Речникот е споменик за народ со богата лексика

Македонските мисли преку македонските зборови, преку толкувањето на нивното значење со други македонски зборови стануваат достапни, објаснети и јасни за секој корисник, за секој љубител на македонското лексичко богатство. Ова, меѓу другото, рече деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Kонески“, Максим Kаранфиловски, на вчерашната промоција на петтиот, претпоследен, том на Толковниот речник на македонскиот јазик. Во новиот том на 620 страници се ставени зборови што почнуваат на буквите Р и С, а го изработија лингвисти-македонисти од Институтот за македонски јазик и од Филолошкиот факултет „Блаже Kонески“.

- Тоа е резултат кој нашата нација, но и држава долго го чекаше и е уште една мошне важна придобивка во зацврстувањето на нашиот јазик и на нашиот идентитет. По завршувањето на шестиот том, ќе заврши цела историска етапа на македонската лексикографија. Овој проект, кој со полно право може да се смета за проект од највисок национален интерес, ќе биде најубавиот подарок што Институтот може да си го подари за својот претстоен јубилеј - 60 години од основањето - дополни Kаранфиловски.

Тој дополни дека е неопходно што поскоро да се здружат сите сили на македонистите и на државните институции за да се изработи македонскиот национален корпус и тоа да биде национална стратешка цел број еден.

Министерството за култура го финансира печатењето на речникот.

Министерката Елизабета Kанческа-Милевска истакна дека станува збор за капитално дело, кое се вбројува во врвните достигнувања на македонската лингвистика.

- Јазикот е компонента која го одредува потеклото на еден народ, неговото минато и неговиот идентитет. Токму затоа јазичното богатство вметнато меѓу кориците на овој и на претходните томови на Толковниот речник покажува колку е единствен и поинаков нашиот јазик од другите - рече Kанческа-Милевска.

Професорот Пандев истакна дека овој речник јасно става на знаење дека и во оформувањето и на текстот и на дискурсот се користи сето јазично богатство.

- Овој Толковен речник има беспрекорна историска поддршка во македонистиката и претставува перспективна поддршка за понатамошните проучувања во сите сфери на општеството, на културата и на науката. Во овој речник се вградени достигнувањата во безмалку сите лингвистички дисциплини - рече Пандев.

Томовите од Толковниот речник ги изработи тим од лингвисти под раководство на Снежана Велковска од Институтот за македонски јазик. Таа истакна дека немале доволна поддршка од сите надлежни институции.

- За нас речникот е и сон и кошмар. Му претходеше макотрпна работа за која требаше време и подготовка за да може да се пристапи кон финалниот продукт. Него го следеа многу проблеми, беспарица, проблеми од технички и од кадровски карактер. Се надевам дека вакви проблеми ќе немаме барем на крајот и ќе завршиме само со задоволство. Сите тие пречки н` натераа да бидеме посилни и повнимателни и да оставиме зад нас споменик што ќе сведочи за еден народ со навистина богата лексика - рече Велковска.

#Дневник


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 234
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 683
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 901
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »