На Попова Шапка вчера започна второто издание на меѓународната ликовна колонија на која ќе творат 15 уметници од Македонија, Турција, Косово, Албанија, Италија и САД.

Минатогодишното, прво издание на оваа меѓународна ликовна колонија понуди нов уметнички потенцијал, а преку создадените дела демонстрираше сериозен капацитет да се приклучи кон традицијата што ја создаваат Ресенската керамичка колонија", колонијата во манастирот Јоаким Осоговски" во Крива Паланка, Малиот битолски Монмартрр... Сигурна сум дека и наредните изданија ќе бидат импулс за создавање нови дела кои ќе бидат дел од богатата македонска културна ризница", истакна на отворањето на колонијата Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска. Колонијата е во организација на НУ Уметничка галерија Тетово".

Извор:http://vecer.com.mk/?ItemID=BC76CC86EE8D694092BD8D45306471F2