логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Vindzor.freskij.jpg

 Vindzor.freskij.jpg

 Vindzor.freskij.jpg

Виндзор, Канада - Во неделата, на 13 септември 2009 година, на денот кога го празнуваме празникот на Положување појас на Пресвета Богородица и во пресрет на Црковната Нова Година, во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада беше отслужена Света Архирејска Литургија. На богослужбата чиноначелствуваше Неговото  Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј во сослужение со прото-ставрофор
д-р Александар Мустеников, протојерејот Митко Поповски, ѓаконот и епархискиот секретар Стеван Барјактаров и ипо-ѓаконот Димитар Башевски .

 Vindzor.freskij1.jpg

    По богослужбата на која присустваа повеќе од две стотина парохјани беше извршен чинот на осветување на  втората фаза од живописот, дело на иконографското студио АРТСОМЕ предводено од Глигор и Маре Стефанови. По две и пол годишно интезивно работење на овој амбициозен и автентичен проект се комлетирани 63 композиции со 390 фигури од кои 52 се фигури на светци во природна големина.
    Потоа беше организирана братска трпеза на која со пригодни зборови за значението на ова игонографско дело зборуваа Митрополитот Методиј и отец Мустеников. Иконописецот Стефанов им изрази благодарност на порачителите и дарителите. Истотака благодарност на дарителите им  изрази и претседателот Менде Талески. Под негово водство сегашната управа реализира низа значајни проекти. Живописуванјето на црквата секако е најголем и е остварен без  оптоварување на црковниот буџет благодарение на многу големиот број индивидуални дарениа.

 Vindzor.freskij.jpg

 Vindzor.freskij.jpg

Техт: Г. С.
Фото: Н. Рувинов


--------------------------------------------------------------------------------
 Vindzor.freskij1.jpg
 
За сликарството (внатрешна декорација)
во црквата Св. Никола во Виндзор, Канада
дело на Глигор Стефанов

Осмислувањето на сликарската програма и осликувањето на црквата Св. Никола во Виндзор претставува монументално дело и најголем уметнички потфат во Виндзор и областа Есекс по бројот на композиции и насликани фигури. На осмислувањето и сликарската изведба веќе петнаесет години, во две досега реализирани сликарски фази, работи иконографското студио АРТСОМЕ, предводено од уметникот Глигор Стефанов.

Концепциски и Технички особености
Една од клучните карактеристики која ја прави црквата Св. Никола во Виндзор автентична меѓу православните цркви, е тоа што внатрешниот простор е конципиран како еден вид периметрално развиен иконостас кој го затвора целиот простор во полн круг околу наосот и ја покрива целокупната ѕидна површина.
Ваквото решение на внатрешното украсување на просторот е концепциски, но и технички предодредено. Поради невозможноста да се слика директно на ѕидната површина сликаните претстави се интересно осмислени и изведени како икони на дрвени панел плочи обложени со платно, сместени во златни релјефни рамки. На нив се претставени релјефно изведени серафими како еден доминантен повторувачки елемент, идејно заснован на раскошните икони со опков, но и на богатата копаничарска традиција. Иако овие елементи се со нагласена декоративна функција за постигнување повпечатлива визуелност, не ја нарушуваат општата канонска поставеност во декорирањето на внатрешноста на православната црква.
Привлекува внимание и впечатливиот начин на изведба на ореолите во ѕидната декорација. Имено, тие се изработени од дрво, со позлата, со нагласена пластичност и сјај, симболизирајќи ја светлината како надворешна манифестација на длабоката духовност и сведоштво за Божествената Светлина.

Сликарска програма (Свод - Јужен - Северен)
Во пространиот наос на црквата Св. Никола во Виндзор, сликарството кое е изведено во две фази, следи двозонска диспозиција во насока исток-запад по должината на јужниот и северниот ѕид, прилагодувајќи се на висината на еднобродната архитектонската концепција на црквата.
На централниот дел на благо засводената таваница доминира допојасниот лик на Исус Христос Седржител во медалјон.
Распоредот на сцените во втората зона е невообичаен и делумно отстапува од долговековното канонско прикажување, одредено според случувањата во евангелските текстови. На јужниот ѕид е направен избор од десет новозаветни сцени кои оформуваат една редуцирана варијанта на Великите празници, со посебен акцент на Распетието. На северниот ѕид, пак, се комбинирани десет сцени од неколку циклуси (Апокрифниот живот и Акатистот на Пресвета Богородица, како и Старозаветни теми).
Меѓу сцените во втората зона на северниот ѕид се издвојува и композицијата Собор на македонските светители, непозната во православната сликарска традиција и прва од ваков вид. Овде Глигор Стефанов, надградувајќи ја претставата на Седмочислениците која претставува инспирација и основа врз која е надградена оваа уникатна композиција, во една заедничка слика, на еден оригинален начин, ги соединува сите (23) значајни светители од нашата духовна, просветна и културна традиција меѓу кои се св. Кирил и св. Методиј, св. Климент и св. Наум, како и св. Злата Мегленска, св. Георгиј Кратовски, св. Нектариј Битолски. Македонските светители насликани според своите препознатливи физиономии, се групирани во два реда, а во горниот дел нив ги наткрилува фигурата на Богородица Платитера (Знамение).
Во првата зона канонски предодредена за стоечките светители, на јужниот и северниот ѕид се насликани вкупно 34 фигури во природна големина. Меѓу нив се застапени претставници на сите светителски редови: архијереи, апостоли, пустиножители, свети воини, свети врачи, жени светителки, меѓу кои повторно се вклучени и некои од споменатите македонски светители, кои доминираат на јужниот ѕид.
Патронот св. Никола е два пати претставен, еднаш во цел раст на јужниот ѕид во првата зона, и уште еднаш пред влезот во црквата како централна допојасна фигура, придружен од Богородица и Христос кои му ги враќаат архиерејските достоинства.

Стилски карактеристики
Од аспект на историјата на византиската уметност, неоспорен е фактот дека на територијата на Македонија, од каде што потекнува и Глигор Стефанов, врвните остварувања во традиционалната православна уметност не се реткост. Очигледно е неговото напојување од изворите на тоа величие, следејќи ги најдобрите и најбележити примери на византиското сликарство. Во осмислувањето на сцените, сликарот црпи инспирација од македонското културно-уметничко наследство, но и од целокупното византиско творештво, а како главен извор на инспирација се издвојува црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид (1295 година).
Со потенцирање на елементите во композициите преку интезивноста на колоритот и разиграноста на линиите на облеката се нагласува драматичноста на бројните настани опишани во Евангелијата или апокрифните текстови.
Фигурите се предадени со издржани пропорции и со одлична цртачка вештина, со особено внимание во изведбата на деталите и колористичка ускладеност. Заднината е исполнета со темно сина боја, чија динамичност и експресивност укажува на драматичниот, искушенички или маченички живот на светителите, наспроти нивниот внатрешен мир и ред, изразени преку спокојството на ликовите.


Традицијата и Современата уметност
До кој степен еден современ уметник, кој ја докажал и докажува својата творечка зрелост во современиот ликовен израз, може да се реализира себеси и своите замисли во рамки на една строга уметничка традиција која е теолошки предодредена? Токму ова прашање, кое не може да се постави во однос на епохите кои претходат на модерната, го прави потфатот на Глигор Стефанов многу специфичен.
Вредноста на еден православен сликарски ансамбл се заснова на неговата просторна концепција, т.е. теолошката заснованост на сликаните претстави и нивната сообразност и оправданост во смисла на просторната поставеност, потоа внатрешната композиција во рамки на поединечните сцени, поставеноста на фигурите и нивната внатрешната изразна снага, како и во стилските карактеристики.
Тоа прашање е особено важно во продолжувањето на традицијата на православната црква која во вистинска смисла на зборот строго се држи до канонските определби и ја манифестира својата суштинска конзервативност и конзистентност, иако евидентни се извесни иконографски и стилски промени во текот на вековите.
Досегашното творештво на Глигор Стефанов покажува силно чувство за единственост и кохерентност во однос на изразувањето на идејата/содржината без разлика на изразот/формата во која истата се обликува, а тоа го потврдува и во црквата Св. Никола. Во сериозниот предизвик, имајќи ја предвид формална строгост на византиската уметност, како што и самиот уметник потврдува, покрај потребата да се одговори на традиционалните канонски и евангелски принципи е обединето целокупното негово уметничко искуство.
Авторот покажува не само техничка вештина, туку и длабоко разбирање на спецификите на византиското сликарство кои се теолошки засновани, покажува чувство за драматичноста на настаните и симболичната вредност на бојата и формата во рамките на византиската естетика.
Останува да се надеваме дека ова дело ќе опстои долго и ќе успее да ги инспирира верниците и сите добронамерници.

Vindzor.freskij.jpg

Vindzor.freskij.jpg

Посети: {moshits}

 


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1268
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1595
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

22/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная