Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, денеска (18 часот) ќе биде отворена трдиционалната хуманитарна изложба на детска компјутерска графика.
Ќе бидат изложени 500 компјутерски графики изработени од деца од предучилишна и училишна возраст, како и од деца со посебни потреби. По завршувањето на изложбата графиките ќе бидат подарени на болници и институции кои работат со деца со посебни потреби.
Изложбата ќе ја отворат Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија и Марина Божинова, директор на Приватното средно училиште ,,Алгоритам центар".