логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Еден од најголемите уметници на сите времиња, за да не умре од студ, во младоста си го загревал станот во Париз палејќи ги своите дела кои денес чинат богатство...

Пабло Пикасо

Пабло Пикасо беше еден од највлијателните и најпознатите уметници на 20 век. Воспеван како татко на кубизмот, заедно со Брак, еден од најголемите претставници на симболизмот и надреализмот, ја поминале младоста во голема сиромаштија, всушност, како и многу други уметници.

Според зборовите на неговата мајка Мери, првото нешто што малиот Пабло го изговорил било „piz piz“ - кратенка од шпанскиот збор за молив, „lapiz“. Уште од детството покажувал голема страст и интерес за цртањето, за што имал поддршка од својот татко Don Hose Ruiz Brasko, академски сликар и предавач, специјализиран за натуралистички приказ на птиците.

Младиот Пикасо го обучувал неговиот татко, кој бил задоволен од големиот уметнички талент што го покажувал синот, чијашто кариера официјално почнала во 1894 година.

На почетокот на 20 век, Пикасо се упатил кон Париз, кој го сметал за главен град на европската уметност. Таму го запознал својот пријател, поетот и новинар Макс Жакоб, со кого станале цимери. Живееле во мал и ненаместен стан со само еден кревет.

Поетот работел дење, а спиел ноќе, за разлика од Пикасо кој имал поинаква дневна рутина:  работел ноќе, а спиел дење. Иако Пикасо стигнал во Париз за време на „La Belle Epoque“, таканаречено „убаво време“ - термин со кој се обележувал мирниот период  што траел до  почетокот на Првата светска војна. И покрај  економскиот подем на земјата, тој лично проживеал тешка сиромаштија, често опстојувајќи со еден оброк на ден.

Студената париска зима го соочила со уште еден егзистенцијален проблем, па досетливиот Пикасо морал да се снаоѓа со она што го имал, своите слики и цртежи. За да го згрее станот, без размислување ги горел поголемиот број од првите платна.

Сето тоа резултирало со психички проблеми и сериозна депресија во која се нашол, а после оваа животна епизода се свртел кон кубизмот.

Во текот на Првата светска војна се доселил во Рим, работејќи како дизајнер. Тука се запознал, а потоа и стапил во брак со Олга Коклова, елегантна танчарка и ќерка на царски генерал. Во дваесеттите години изработил неколку портрети – од својот син (роден во 1921) и неколкумина пријатели, во реалистички стил.

Во раните триесетти години од минатиот век, изработил неколку слики во кубистички стил, кои изразувале  прикриен еротизам и задоволство од неговата нова љубов, Мари Тереза Волтер, која во 1935 година ја родила нивната ќерка Мада. Пикасо често ја сликал Мари Тереза додека спиела, а таа е модел и за прочуената слика Девојката пред огледало.

После нападот на Герника во Баскија, што го извел Франко во 1936 година, за време на Шпанската граѓанска војна, Пикасо се одлучил да направи слика за тој настан. Сликата што ја нарекол Герника ја завршил за два месеца и ја изложил во Шпанскиот павилјон во Париз, на светската изложба ЕКСПО 3. Се заколнал - додека режимот на Франко е на власт нема да се врати во својата татковина. Целосно држејќи се на дадениот збор, до крајот на својот живот живеел во Франција.

Во 1944 година се зачленил во Француската комунистичка партија и останал член до својата смрт. Партијата го критикувала портретот на Сталин што го изработил Пикасо, сметајќи дека е недоволно реалистичен, што му предизвикало изладување на чувствата кон комунизмот.

Пикасо се женел двапати, а имал голем број љубовници. Добил четири деца, а последното од нив, Палома, била родена на негова 68 годишна возраст. Една од неговите љубовници била и Дора Мар, инспирацијата за сликата Жената која плаче.

Пикасо умрел на 92 години, во неговата вила Нотр Дам де Ви, во близина на местото Мужин, на 8 април 1973 година.

Со оглед на тоа што Пикасо уште од 20-години на минатиот век ги продавал своите дела по високи цени, можел да си допушти голем број од нив да ги задржи во сопствената колекција. Се претпоставува дека кога починал, неговата колекција броела околу 50.000 дела.

По смртта, колекцијата преминала во сопственост на Франција и на неговите наследници. Според Гинисовата книга на рекорди, Пикасо бил најплодниот уметник во историјата. Се смета дека насликал околу 13.500 слики, 100.000 графики и гравури, 34.000 илустрации за книги, и изработил 300 скулптури. Вкупната вредност на неговите дела се смета во милијарди евра.
 
Објавено на 17.10.2016
Подготвил: Б.Б.

Извор: http://www.fakulteti.mk/news/16-10-17/ovoj_genijalen_slikar_si_gi_gorel_sopstvenite_sliki_za_da_se_gree_a_denes_negovite_dela_vredat_milijardi_evra.aspx

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 105
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 250
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 372
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…

Беседи

БEСEДА  за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »