Papradiste_-_konzervacija_03Колекцијата на икони во оваа црква, чиј градител е прочуениот Андреја Дамјанов, родум од Папрадиште, е создадена кон крајот на 19 и почетокот на 20 век ...

Стручните екипи на Националниот конзерваторски центар - Скопје, како надлежна институција од областа на заштитата на културното наследство за територијата на Велес и Велешко, ја реализираа првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на корпусот вредни икони во црквата „Св. Петар и Павле” во селото Папрадиште.

Во рамките на проектот, чија реализација започна во 2012 година, во првата фаза се конзервирани 9 вредни икони кои во изминатиот период беа доста оштетени.

Министерството за култура за оваа 2013 година, издвои средства за санирање на уште 7 икони, чиј процес на конзервација и реставрација е во тек.

Колекцијата на икони во оваа црква, чиј градител е прочуениот Андреја Дамјанов, родум од Папрадиште, е создадена кон крајот на 19 и почетокот на 20 век од големите македонски преродбеници Ѓорги Зографски и Димитар Андонов Папрадишки, кои се последните македонски зографи и пионери во македонското современо .

Извор: Министерство за култура на РМ

04.10.2013 год.