Петок, 28.02.2015 год.

01bb__zrze_manastir

Во согласност со проектот за заштита на овој значаен споменик на културата изработен од стручните служби од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп, беше извршена реконструкција, како и внатрешно уредување на монашкиот конак во кој е предвидено да се смести работилницата за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство. Во монашкиот конак, согласно со проектот, беше реконструирана и магерницата. Исто така, беа преземени активности и за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на кулата до влезната порта, како и делумна реконструкција на североисточниот бедем. На крајот, во рамките на завршните активности за заштита на манастирот „Свето Преображение“, беше реализирана изведбата на Горна порта, како и партерно уредување на целиот манастирски комплекс. Претходно, на оваа локација беа спроведени големи археолошки истражувања, кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на IX век во бигорната карпа и ранохристијанска  базилика од V век, што го определува Зрзе како културен центар уште од најраните пројави на христијанството на територијата на Република Македонија. Паралелно со реконструктивните зафати во манастирскиот комплекс „Зрзе“, Јавното претпријатие за државни патишта го изгради и локалниот пат кој води до овој значаен културен и верски објект.

02_zrze_manastir_640

 

Извор: Министерство за култура на РМ