логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Оригиналниот тестамент на Александар Трети Македонски, деновиве, е објавен на македонски јазик, во "Портал", гласник на Македонски духовни конаци. Во гласникот се објаснува дека Тестаментот е објавен пред стотина години во Мецовиот манускрипт (О. Вагнер 1900). ВЕЧЕР ексклузивно го пренесува во целост овој документ од огромна важност за нас и човештвото. Редакцијата на "Портал" ја сочинуваат главниот и одговорен уредник Светлана Христова - Јоциќ, Љубинка Басотова, Елеонора Петрова-Митевска, Јелена Лужина, епископ Методиј Златанов, Моника Стојчевска и Владо Јоциќ


ТЕСТАМЕНТОТ НА АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ:

Тестаментот е направен од Царот Александар, син на Амон (Бог на Сонцето) и Олимпија.

1. Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде цар на Македонија, а во меѓувреме, синот на Филип, Аридеј, да биде лидер на Македонците. Ако детето од мојата жена Роксана, биде женско, дозволете Македонците да видат дека таа е одгледана и омажена на начин што доликува на мене и мојот ранг и дозволете да си избере Цар - човек за кој тие мислат дека е достоинствен за тоа. Човекот така избран треба да биде Цар на Македонија...

2. На мојата мајка Олимпија и го доделувам правото да живее на Родос, место кое таа го пожелува и Царот на Македонија треба секоја година да проверува дали и се дава се што и се давало за време на мојот живот.
Додека Македонците одлучат да наименуваат Цар, Царот Александар, син на Амон и Олимпија, го одредува Кратер за надгледувач на целото Царство на Македонија, и му ја дава за жена Кајнан, ќерката на Филип, поранешниот Цар на Македонија. Лизимах, го ставам одговорен за Тракија, и за жена му ја доделувам Солунка, ќерката на Филип, поранешниот Цар на Македонија (ПС. - Калл. 3.33.13). Леонид го задолжувам за Хелеспонт и му ја давам раката на сестрата на Холкид, Клеона. Го назначувам Еумен, мојот секретар, за владетел на Кападокија и Пафлагонија.

3. Изјавувам, островите да бидат слободни: да ги задржат нивните претходни посесии и да бидат автономни.

4. Го назначувам Антигон, владател на Памфлија, Луција и Голема Фригија и го ополномоштувам за Карија и Асандер, како и територијата која што лежи под реката наречена Халис; преку оваа земја го назначувам владетел Антипатар. Владетел за Силисија е Никанор, и Питон за Сирија, воедно и за т.н. Месопотамиска Линија. Бабилон и неговите придружни територии ги доделувам под команда на Селеукит, кој е мој воен придружник. За Феникија и Келе-Сирија го ополномоштувам Мелагер. Кралството на Египет го оставам на Птоломеј и им го одобрувам бракот со мојата сестра Клеопатра.

5. За владеење на областите кои лежат помеѓу границите на Бабилон и Бактрија, го назначувам Пердика, на кој му ја поклонувам мојата жена Роксана, Бактриската ќерка на оксиартите. Народот на Родос треба да се награди со 300 таланти злато од царското богатство за разубавување на нивниот град; воедно и 40 тримери и слободна годишна надокнада од 20.000 медимни Египетско жито и 20.000 медимни пченица од регионите од Азија, придодадени на Родос. Исто така, давам команда за преместување на гарнизонот, што јас го оставив таму.

6. Свештениците во Египет да бидат наградени со 2.000 таланти единици злато од јавниот приход, а Птоломеј да се погрижи за транспортот на моето тело до Египет, за кое понатаму најдобро ќе се грижат свештениците од Египет. Саркофагот во кој ќе биде положено моето тело да биде направен во вредност од 200 таланти злато.

7. На Тебјаните од Беотија, да им се доделат 300 таланти за реновирање на нивниот град, а на оние што принудно избегаа од таму како резултат на војната, им го надокнадувам нивниот имот од кој ги лишив. Сметам дека достатно беа казнети со нивната сесрдна опозиција кон мене. На Атињаните да им се додели златен трон за храмот во Минерва и златни службени алишта. Моето лично оружје и одликувања и 1000 таланти единици сребро да се остави во храмот на Хера на Аргос, додека на Аполон во Делфи, сите слоновски оружја и две кожи од змии, а воедно и 100 златни суди садови со кои се чествувале Боговите. На народот Милес и од Книдија да им се доделат по 150 сребрени таланти.

8. Тасе (Таџилес) да биде владетел на оние делови од Индија кои граничат со Индиската река. Перо (Перус) на оние делови помеѓу реката Хидаспес и Хиндус. Го назначувам таткото на мојата жена, Роскана, за владетел на Паропанисада и Сибиртија, да владее со Арахосија и Кедросија. Командата ја предаваме на Стамен (Стасанор) од Соли за да владее со Арија и Арангија.
Филип да владее со Бактријците. Партеја што ја придружува Хиркалија јас ја давам на Фратафернеј, а Карманија на Тлеполем. Пеце (Пеуцестас) треба да владее над Персијанците. Од сите владеења да биде изоставен Оксидат, а Кратер да владее со Медеа. Аргир (Аргеус) да биде отстранет од Сусија, а Коен (Цонеус) да владее наместо него.

9. За владател на Илирите го назначувам Холкија и го наградувам со орден од 500 реквирирани, одземени коњи и 3000 таланти сребреници, кои треба да ги искористи за правање статуи на Александар, Амон, Минерва, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип и нив да ги смести во гробницата на Олимпија. На луѓето на кои им доделив високи функции да постават позлатени статуи на Александар во Делфи и Атина. Птоломеј да постави позлатени статуи во Египет на Александар, Амон, Минерва, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип.

10. Сведоци на ова да се Олимпискиот Јупитер, нашиот предок Херкул, Минерва, Марс, Амон Сонцето (Амонма) и успехот на Цар Александар. Доколку некој од наброените, постапи спротивно на моите одредби, јас ги преколнувам Јупитер и Олимписките богови, да не остане неказнет за тие недела и да биде одговорен за кривоклетството пред Боговите и луѓето.

Дејан ТРАЈКОСКИ



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 263
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 198
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 306
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »