логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

 

На 11/24 октомври Светата Црква го прославува споменот на Светите Отци од Седмиот Вселенски собор.

Постојат 7 Вселенски Собори кои што се одржувале во периодот од 4 до 8 век и тоа: 1 во Никеја 325 година; 2 во Цариград (Константинопол) 381 година; 3 во Ефес 431 год.; 4 во Халкидон 451 год.; 5 во Цариград 553 год.; 6 во Цариград 680 год.; и  последен Вселенски Собор што го има одржано Светата црква Христова е Седмиот Вселенски собор во Цариград (Константинопол).

Тој бил одржан по повод иконите. Икономахијата или борбата против иконите избувнала во првата половина на 8-от век во Византиското Царство. Негирањето на иконите постоело и во минатото, па и до ден денес. Во рано христијанскиот период, катакомбниот период, не можело, а да не се појави промислена, таинствена символика. Во склуптурата и во живописот се прикажувало четворокракен крст, понекогаш како буквата X, потоа се изобразувало гулаб, риба, брод т.е сите симболи кои христијаните ги разбирале.

Со појавата на исламот во 7-от век и со неговиот непомирлив став кон било какво живописање и склуптурно изобразување на човечки и натчовечки ликови, повторно ја оживеале онаа сомнеж во законитоста на иконите. Во една таква атмосфера, императорите кои трпеле вековни притисоци од страна на фанатичниот ислам, не можеле, а да не паднат во искушение. Прв од тие цареви бил моќниот и необразован војник Леон (Лав) 3 Исавријски (717-741).

Леон (ЛАВ) 3 Исавријски (717-741)

Лав по раѓање бил Исавриец, а по семејство-Сириец. По функција бил „ источен главен командант “. Тој пораснал и се навикнал на општоприфатените иконоборечки поими, како помеѓу павликијанците, така и кај монтанистите и новатијанците.

Лав со узурпаторски манири ја презел власта од нејакиот Теодосиј 3. Меѓутоа, Лав веднаш се оправдал, со тоа што го спасил Константинопол од страшните опсади од страна на Арабјаните. Ако Лав не ги победил Сарацените, Константинопол би бил  уште 717 година под арапска муслиманска власт.

Иконоборечкото движење кое настанало помеѓу ерархијата , нашло на добар отсјај во срцето на Лав 3. Во 726 год. дошло до вулканска ерупција на морското дно, северозападно од Крит и помеѓу Кикладските острови се појавило нов остров. Во ова императорот видел знак на Божјиот гнев. Заради што? Заради  „идолопоклонство“. Така се протолкувал овој знак во дворските кругови, па повикал Таен совет таканаречен Silentium, да би го изложел своето негативно мислење за иконите. Но, патријархот Герман (715-730) мислел дека такво прашање не е можно да се решава без вселенски собор. Истата година, царот со својот прост војнички ум почнал борба против иконите, со наредба да се тргнат од црките и верниците да не ги целиваат и да не им укажуваат почит. На ова патријархот Герман и римскиот папа Гргур 2 (715-731) залудно се труделе да го одвратат царот од тоа, докажувајќи му, дека таквата наредба, колку и да е оправдана наредба, на спаѓа во делувањето на царот, туку на ерархијата или синодот. Но, царот не попуштал и се наслонувал на тогашното раширено мислење дека и царевите се еден вид првосвештеници, велејќи: „Јас сум цар и воедно свештеник (Βασιλεός είμι καί ιερεὐσ)“. На тоа патријархот Герман се бунел, па во 730 год. на патријаршискиот престол бил ставен сингелот Анастасиј (730-754) со која помош и со другите епископи ја отпочнал борбата против иконите, со насилно разбивање или спалување.

Против оваа борба застанал Јован, учен Грк и Свети Јован Дамаскин, кои што како Јован, така и семејството на св.Јован Дамаскин ги сметале за пријатели на калифите и уживале во неговото поверение, без обзир на житијата. Но, со смртта на царот Лав, не престанува борбата против иконите. Таа борба ја продолжил неговиот наследник и син, Константин 5 Копроним(741-775).

КОНСТАНТИН 5 КОПРОНИМ (741-775)

Константин е човек кој што некои историчари го вознесуваат до небото поради неговите победи и процветот на економската состојба на државата. Меѓутоа, никој не може да ја порекне неговата варварска опакост и садизам во прогонството на верниците, како ни неговата лична развратност. Неговото име Копроним (Κοπρόνυμος- оно на кого името е ѓубре) било знак дека ќе ги гони православните. Тој не бил само против христијанството, туку и против секкоја религија.

Уште од почетокот на неговото владеење доживеал искушение, кое што покажало дека неговата политика е несигурна база на неговото владеење. Имено, неговиот зет, Ерменецот Артавазд, главен командир на територијата на Ерменија, го искористил, го искористил отсуството на Константин на источниот фронт, го прогласил за мртов, а самиот за нов император. Неговата власт ја признал патријархот Анастасиј, иконите и јавно објавува дека Константин е еретик. Ова траело една година, па кога дошол Констатин во Константинопол со своите трупи, го трга од власта Артавазд, гоослепува него и неговиот син, а, патријархот Анастасиј бил исмејуван (јавно бил воден на магаре), но сепак не бил сменат и повторно да служи за иконоборство. Овој инцидент претставувал привремено предупредување и во текот на 11 години, ништо не се променило во однос на иконите. Па така, во 754 година се одржал познатиот иконоборечки собор.

Соборот се одржувал во Ерија, на спротивната страна од Босфор, помеѓу Хрисопол и Халкидон. Овој собор бил замислен како „вселенски“, но, ни Рим, ни Александрија, ни Антиохија, ни Ерусалим не пуштиле свои претставници. За време на отворањето на соборот, Анастасиј починал, а на негово место бил избран монахот Константин, епископот Силејски од страна на Константин Копроним. Соборот траел од 10 февруари до 8 август. На 27 август, на хиподромот, била фрлена анатема врз бранителите на иконите: Герман Константинополски, св. Јован Дамаскин и Георгиј Кипарски, а оците на соборот го величале Константин 5 Копроним како 13 апостол и свечено го прогласиле: „Спасението на светот е денес, затоа што ти, цар, не искупи од идолите“.

На овој „собор“ било одлучено: „Под образот на христијанството, ѓаволот вовел идолопоклонство, убедувајќи ги христијаните со своето лажно мудрување да не се одвојуваат од тварите, туку, да и се поклонат, да ја почитуваат и уважуваат тварта како Бога“. Но, и покрај забраната за иконите, никој не смеел да стави рака на нештата кои се посветени на Бога (одежди, завеси). Започнало „чистење“ на црквите од икони. Било наредено ѕидовите од црквите да бидат премачкани со малтар и да це цртаат растенија и птици, па така црквите почнале да личат на „зелени полјанки“ и „продавници за птици“. Биле уништувани и книги на кои имало мали икони. Посебно против императорите-иконоборци биле монасите. Па, поради тоа, Константин ги навредувал со секакви погрдни зборови,луѓето фрлале со камења по нив и имало и маченици: монах Адријан Калиит, игуменот Јован, св.Стефан Нов и неговите ученици.

ЛАВ 4 ХАЗАР (775-780)

Кога Константин 5 Копроним умрел (775), престолот го наследил неговиот син Лав (Леон) 4 Хазар (775-780), наречен така затоа што мајка му била хазарска принцеза. Кога дошол на власт, мислел дека немало повеќе почитувачи на иконите. Но, по 5 години од неговото владеење, нашол под перницата на неговата жена Ирина религиозна слика- икона. Царот почнал со казни и кон својата жена, но уште повеќе кон своите дворјани, но наскоро умрел, можеби и од отров.

КОНСТАНТИН 6 ПОРФИРОГЕНИТ

Него го наследил неговиот син, Константин 6 Порфирогенит (Πορφυρογεννητος-780-797), а Ирина добила регентство во име на нејзиниот малолетен син. Иконопочитувачите сé уште не можеле да се изјаснат, иако царицата била наклонета кон иконите. Тие се плашеле од војската, која се состоела скоро од самите иконоборци. Но, со текот на времето, иконоборството се стишувало, цариградскиот патријарх Павле во 784 година влегол во манастир и се каел што молчел како нем. Потоа, на местото од патријархот Павле, по дозвола од царицата бил поставен Тарасиј (784-806), нејзиниот секретар, кој што бил од лаичкиот ред, под завет дека ќе се одржи собор. Тоа било прифатено и Тарасиј веднаш започнал со припрема за собор, а биле повикани источните патријарси, римскиот папа Адријан 1 (772-795) и епископите од Византиското Царство. Соборот требало да сеодржи на 7 август 786 година, меѓутоа, војниците кои што нашле едномисленици меѓу епископите правеле завера да не се одржи Соборот.

На 6 август, вечерта , закажале протест во предворјето на храмот св. Софија, секој викал на својата страна, но се сложиле за едно, а тоа е да не се дозволи да се одржи овој собор. Императорката Ирина одлучила да отпочни со работа Соборот наредниот ден. Кога се дошло до разгледување на работата од соборот во 754 година, се појавиле мноштво војници, како што биле договорени со некои епископи, кои му се заканувале на патријархот и на останатите епископи. Иконоборечките епископи викале: „Победивме!“ и „Да живее 7 Вселенски Собор“- соборот од 754. Но, Ирина, користејќи ја нејзината вештина и снаодливост, се оддалечила од престолнината, под изговор дека се води борба со Арапите, без да пролее крв, таа ги разоружала бунтовниците и на нивно место биле поставени нови, млади војници. Така, конечно, можело да се одржи 7 Вселенски Собор . За град бил избран Никеја, мал, но, познат бидејќи во него се орджал 1 Вселенски Собор. Имало 8 заседанија на соборот и тоа: 1 во Никеја, на 24 септември, во храмот Св. Софија и последниот во Константинопол, во присуство на Ирина и Константин, на 23 октомври. Овој Собор траел кратко; по обичај во средината на храмот, помеѓу редовите за седење, било поставено Евангелие, а на предлог на римските делегати, на 5 заседаниебила донесена одлука, следниот пат да се донесе икона и да `и се поклонат.

Овој собор го отворил Тарасиј со краток говор и ги поикал останатите кратко да настапат. На Соборот присуствувале 300 епископи и на монасите им е дадено пристап и советувачки глас во синодот поради нивните заслуги во работите за иконите, што се случило прв пат. Но, одлучувачкиот глас го имале епископите. Оние епископи кои учествувале на соборот 754 година, кои ја признале својата заблуда и молеле за опростување, им било опростено.

На првото заседание биле воведени 3 епископи: Василиј Анкирски, Теодор Мирликијски и Теодосиј Аморијски. Од нив можело да се слуша само λίβελλοι, т.е. покајнички изјави. Тие веднаш биле примени во својот чин и сместени на своите катедри на самиот Собор.

Православното учење било дефинирано вака:„ Не само да е дозволено, туку и корисно и на Бога угодно да се ставаат религиозни слики и да им се укажува чест; но тоа почитување е само укажување на чест (προσκύνισις), а не нивно служење (λατρεία), затоа што служењето му прилега само на Бога; тоа почитување е само релативно (σχετική), затоа што се укажува на сликата само поради лицето, кое што е на неа претставено.“

На 7 Вселенски Собор биле донесени и 22 канони, од кои поважни се: 3 забранува избор на државни службеници во свештенички чин; 4 и 5 се забранува симонија; 6 го повторува барањето за собор на епископи, најмалку еднаш годишно и им забранува на митрополитите да бараат од епископите кои доаѓаат на соборот да им дадат што било; 10 ја повторува забраната клириците да ја остават својата парохија и да се завземат за светски должности; 11 го повторува барањето да во секоја црква и манастир да постои економ; 12 заповеда на епископите и игумените да се грижат за сиот црковен имот и со него да располагаат, но ништо не смеат за себе да присвојуваат, под закана на прогон; 15,16,18 и 22 на свештенослужителите и монасите им забранува користољубие, раскош и близок однос со лица од женскиот пол; 20 забранува созадавање  „двојни манастири“ во кои жените би живееле заедно со мажите, како и близок однос на монах и монахиња; 21 им забранува на монах и монахиња да го остават својот манастир и да заминат во друг, без дозвола на игуменот.

Со повикувањето на Вселенските Собори, биле решавани суштествени прашања кои ја засегале целата Црква Христова. Сѐ до повикувањето на Седмиот Вселенски Собор, иконопочитувачите биле гонети од страна на власта, се додека не дошол на престолот Константин 6 Порфирогенит, кој заедно со мајка му, Ирина, го повикале овој Собор.

Седмиот Вселенски Собор го решил прашањето за иконите и  е формулирано дека иконите не се идоли и не им служиме, туку им оддаваме чест на ликот кој што изобрзауван на иконата. Во денешно време, нас, православните христијани, муслиманите и протестантите нé обвинуваат за идолопоклонство, но тоа не е така бидејќи, проблемот за иконите е решен на 7 Вселенски собор, со тоа што ние не ги обожуваме иконите и не им служиме, туку, им оддаваме чест. Но, одлуките од овој Собор не ги прифатиле сите, па и подоцна ќе бидат одржувани и други иконоборечки собори, на кои ќе биде решено иконите да се исфрлат од употреба.

Подготви: Маргулевски Александар, дипломиран теолог

 

http://www.pppe.mk/2018/spomen-na-svetite-ottsi-od-sedmiot-vselenski-sobor/

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 209
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 420
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 567
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »