логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 
Во придружба на Митр.Еремиј Пелагониски и Софрониј Гребенски, со мн. арихимандрити, архиѓакони и 13 слуги, ја посетил Москва, каде го примил рускиот цар Теодор Иванович. Дошол со цел да го наговори Теодор, да ја прекине духовната зависност на Москва од Цариград, кој го поддржувал грчкото влијание во руските земји. Но дошол и да понуди  унапредување на Московската митрополија во Патријаршија  и  нејзино  прогласување  за  автокефална. Сугестијата  на патр.Гаврил I била безрезервно и воодушевено прифатена од царот, по што почнала  официјална  процедура  но и   размена  на документи  меѓу  Москва  и  Цариград во  разрешувањето  на  ова прашање. Всушност Охрид како Патријаршија и црква основана од Апостол Павле, со потпис дури и од папата, но и од Вселенскиот Собор, ја имал канонската подлога да дава автокефалност и рангови на црквите . Токму ова го плаши Цариград - спојот меѓу Големата православна сила Русија и Охрид кој ги држи многуте Православни балкански но и “Словенски” маси под себе, со тој спој Цариград стануваше одвишен и без влијание. Затоа ако веќе Москва добиваше автокефалност и ранг Патријаршија тоа никако не смееше да дојде од Охрид, но од Цариград,кој друго и не можеше зашто беше под Турска власт. По мн. отпори и спротивставувања од Цариградскиот Патријаршиски синод, идејата на Охридскиот поглавар била оживотворена во 1589 год., но на Црковен собор во Цариград, на кој Московската митрополија била прогласена за Патријаршија. Охридскиот патр.Гаврил I, главниот иницијатор за ова, како признание и благодарност за напорите кои ги вложил за отфрлањето на Цариградското ведомство над Руската црква и  за  протерувањето  на  грчките  свештеници  од  Русија,  добил награда од царот во износ од 40 златници. При престојот на Гаврил во Москва, рускиот суверен прв пат "дознал дека Охридската  патријаршија  била  единствена  словенска  автокефална црква" во Источната православна екумена и дека "под свое ведомство ги имала сите негрчки православни народи на Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ги и подунавските кнежевства Влашко и Молдавија".
 

Политичката мисија на патр.Гаврил I во Москва придонела рускиот царски двор и Руската црква уште повеќе да се свртат кон  Охрид,  што  било  особено  значајно,  бидејќи  се  зближиле двете цркви и народа. Во Москва "охридскиот патријарх се сметал за важен православен хиерарх на кој му се давало високо признавање дека со својот углед и авторитет придонел Московската митрополија да се унапреди во Патријаршија". Изразувајќи го  задоволството  за  помошта  и  поддршката  кои  Охридската патријаршија  й  ја  давала  на  Русија  во  процесот  за  осамостојување на нејзината национална црква, дотогаш управувана од грчки архијереји и владици, поставувани од Цариград, рускиот цар, како "благоверен покровител на христијанските народи", дал средства за откуп на црковните садови и одежди сопственост на стариот манастир "Преподобна маченица Параскева", кај Струга, "заложени кај неверниците", во износ од 60.000 аспри, по што бил прогласен за ктитор на манастирот.

Потоа патр.Гаврил I престојувал во Полска, во градот Гродно, каде во јули 1586 год. се сретнал со кралот Стефан Батори,каде срдечно го пречекале. Му се пожалил на кралот за тешката положба на христијаните во Охридската патријаршија и за пречките кои католичките власти им ги правеле на македонските православни општини во Италијанската православна епархија, на Сицилија, Апулија и Калабрија. Гаврил I знаел дека Батори има блиски односи со папата, па го замолил да влијае кај него да се надминат тие состојби. За да му помогне, кралот му дал писмо за папата Сикст V, во кое го молел да се заземе за барањата на Гаврил I. По еден месец, Охридскиот поглавар заминал за Чешка, во Прага, каде се сретнал со Австрискиот крал Рудолф II. Откако му ја изложил положбата во Македонија, го замолил неговата земја и другите католички држави воено да се ангажираат за протерување на Османлиите од Балканот  и  од  Европа, при  што се обврзал  истовремено  во својата диецеза да организира вооружен народен отпор, кој ќе им биде поддршка на ослободителните војски од Запад. Во отсуство на релевантни пишани извори, може да се претпоставува дека од таа средба произлегол и некаков конкретен договор, бидејќи тогашниот западен печат й дал исклучителен публицитет  на  посетата  на  Гаврил  I  на католичките држави.

На 31 август 1587 година пристигнал во германскиот град Тибинген, каде величествено го пречекале. Тоа бил голем настан за градот, за што сведочи податокот дека сите излегле за да го видат "убавиот патријарх од Македонија". Секаде каде одел го истакнувал незадоволството на балканските христијани од  Турција,  барајќи  од дворовите на католичките  држави да стапат во коалиција за да ги протераат Османлиите. Доказ  за ова е документ  од  8.10.1587  година,  кој  се  чува  во Државниот архив во Инсбрук. Романскиот писател Јорга соопштил  дека  документот  му  припаѓа  на  Охридскиот  поглавар Гаврил I, кој во Европските држави се титулирал како патријарх. Не само Гаврил, туку и сите др. Охридски поглавари дома и надвор се титулирале како патријарси, а често и со двете титули.

Охридската црква од времето на цар Самуил била именувана како Патријаршија, меѓутоа нејзините поглавари, верни на традицијата, го користеле и името Архиепископија, титулирајќи се и како архиепископи, со што  изразувале благодарност кон основачот-сонародникот Јустинијан I, кој Архиепископијата ја основал "за својот народ", - македонскиот.

На 5 септември 1587 година, Гаврил I со придружбата тргнал за Италија, каде се сретнал со папата Сикст V, кого го замолил да не им пречи на православните општини на Сицилија, Апулија и Калабрија  во  извршувањето  на  канонските  обреди.  Бидејќи нема изворни податоци за резултатите од средбата, се претпоставува  дека  папата  не  покажал  разбирање,  бидејќи  по  една година православните свештеници од тие области ги повикале на Црковен собор во Месина каде ги присилувале да стапат во Унија со Римокатоличката црква. Некои православни свештеници подлегнале на притисокот, а оние кои не сакале да му се пот- чинат на папата, заминале на Исток. Овој податок нè наведува на заклучок дека мисијата на Гаврил I не била успешна. Всушност,  тогаш  сè  уште  не  биле  созреани  условите  за  оживотворување на неговите предлози за протерување на Османлиите од Балканот, ниту во Русија, ниту во земјите од Западна Европа. Официјалната руска дипломатија не се интересирала многу за Словените на Балканот, односно не се јавувала како нивни заштитник. Таа повеќе се интересирала за Грците, затоа што руските цареви сакале себеси да се прогласат за наследници на Византија,  особено  по  женидбата  на  московскиот  кнез  Иван  III Василевич со византиската принцеза Софија Палеолог. На тоа влијаело и признавањето на царското достоинство на Иван IV Грозни од страна на цариградскиот патријарх Јоасаф во 1561 година, што било обид да му се доближи на рускиот суверен, со цел  да  издејствува  донаторски  средства.  Неуспехот  да  ја  заинтригира Русија за словенското ослободително дело го принудил Гаврил I да се сврти кон запад, каде поради стравот од исламот имало одредени сигнали за негово прифаќање.

 Извор: Македониум

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Март 24, 2019

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од бајките“, се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста…
Март 07, 2019

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот писател Стефан Марковски е застапено во 15. издание на зборникот Castello di Duino.На меѓународниот конкурс за поезија и драмски текстови насловен I have a Dream/Ho un…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 130
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Карикатурите на Златко Крстевски од Прилеп прошетале низ цел свет

Фев 14, 2019 Интервју 184
Светот доволно го знае Крстевски. Импресивен е неговиот пат низ светските изложби,…

Најбогатите 26 луѓе на светот поседуваат исто колку и најсиромашните 3,8 милијарди луѓе

Јан 21, 2019 Друго од култура 238
Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало…

Беседи

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

За Христoвитe дeла (беседа)

За Христoвитe дeла (беседа)

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу...

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

« »