логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Русите, Православната вера ја примиле од Македонија
iИмето на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство.
"Руската кнегиња Олга отишла да се покрсти во македонската престолнина на христијанството (955 г.), бидејќи сметала дека приказната за нејзиното покрстување во тогаш популарниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија".

Ако се суди по преписите на службите и житијата на Климент и Наум, направени во тој период во Русија, за кои се знае дека биле "сакано четиво" кај источната публика, особено меѓу верниците, тогаш со право може да се констатира дека врските меѓу Македонија и Македонската охридска црква со Русија и Руската црква датираат од многу порано, од времето на солунските браќа Константин - Кирил и Методиј, кога тие биле во црковно-просветна и културна мисија кај Хазарите на Кавказ, што е сосема разбирливо, зашто Хазарското Царство се граничело со Киевска Русија, каде што живеел исклучиво словенски народ. Се претпоставува дека и самата Хазарска држава, која се простирала од Каспиското до Аралското Море, посебно по долното течение на реките Волга и Дњепар, до Северен Кавказ, била населена со племиња од различен етнички состав, меѓу кои доминирал словенскиот елемент. За нивната просветна дејност меѓу словенските народи на тие простори дознаваме и од рускиот летопис "Повест времених лет" од XI век, составен од "преподобниот" Нестор (1056-1114), монах во Киевско-Печерскиот манастир. Во овој исклучително важен документ авторот ни соопштува дека светите браќа Константин - Кирил и Методиј, додека престојувале кај Хазарите, освен Евангелието, ги превеле уште и: Апостолот, Октоихот, Псалтирот и уште неколку богослужбени книги за словенските народи на тие простори.

Влијанието на солунските браќа во поглед на ширењето на христијанството и на писменоста во руските земји било многу големо. Нивните идеи се ширеле многу брзо и на сите страни и тие биле месовно прифаќани од руското населние. Уште со првиот продор на идеите за христијанизација и, особено, на богослужбените книги со кирилско писмо, истовремено продирале и сознанијата за постоењето на најголемата христијанска црква на Балканот, на античката древност - Прва Јустинијана Охридска. Нејзиното име уште во почетокот на X-от век длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство во таа земја. Во прилог на тој факт, сведочат и сознанијата на познатиот руски историчар Приселков (1881-1941). Тој вели: "Киевска Русија христијанската вера ја примила - не од Византија, туку од рацете на охридскиот патријарх", што како резултат на тоа, "Руската црква била една од епархиите на старата Охридска патријаршија". Според Приселков, во времето на покрстувањето на Русите, Русија немала некои постојани и цврсти врски со Византиската империја. Имено, христијанството примено кај нив, убедливо се разликувало од она што било раширено во одделните теми во Византија. Ова свое сознание го темели врз основа на своите научни истражувања, направени во почетокот на XX век и врз основа на стари летописи. Како многу силен аргумент, со кој се поткрепува тој факт, претставува неговото откритие за првите видни личности во руското општество кои го прифатиле христијанството и се покрстиле.


Имено, во старите руски летописи открил дека "руската кнегиња Олга и нејзиниот внук, кнезот Владимир, биле покрстени во Охрид, првата во 955, а вториот во 987 година.

Овој податок не е без основа. Сите руски извори тврдат дека кнегињата Олга била првата руска жена која самата се вовела во христијанството. Оваа енергична и грамотна кнегиња, чии интелектуални способности се одликувале со силно изразено визионерство, имала јасно одредени цели за иднината на Русија. Имено, со цел да ја сочува нејзината независност и да се здобие со самостојност во црковните работи, "водела итра дипломатска политика". Познавајќи ја многу добро византиската црковно-политичка концепција, според која, секој народ кој христијанството го примал од рацете на Грците автоматски станувал вазал на грчкиот император, односно политички зависен народ и политички зависна држава, таа не сакала нејзината земја да ја подведе под Византија. Од тие причини, наместо во Цариград, отишла во Охрид, "во престолнината на христијанството", каде што се покрстила. Не случајно тргнала на толку долг пат. Охрид во тоа време претставувал "најсветлиот пункт во историјата на македонците", а во македонската Прва Јустинијана Охридска бил концентриран целиот духовен живот на народите. Оваа жена-дипломат меѓу својот народ уживала голем углед и авторитет во работите од христијански карактер, поради што манифестирала забележително влијание во сферата на религиозниот живот кај соседните народи. Затоа тргнала, токму, во Македонија, бидејќи сметала дека приказната за нејзиното покрстување, во тогаш популарниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија. Во тоа наполно успеала. Култот кај Русите кон кнегињата Олга толку многу пораснал, што непосредно по нејзината смрт била прогласена за народен светија на Руската Православна Црква. Во Киевска Русија таа се почитува како прва жена христијанка и како жена дипломат и владетелка. Во нејзина чест во Украина е воведена награда "Орден на кнегиња Олга", со која се наградуваат жени што се истакнале во служењето на украинскиот народ.



Руските летописци сиот триумф од победата на христијанството над јазичниците му ја припишуваат на Олгиниот внук, на кнезот Владимир. Неговото покрстување во Охрид, во 987 година, придонесло уште повеќе да се зацврснат врските на Киев со Охрид, што имало силен одраз врз развојот на христијанството во Русија. Тие врски постојано се проширувале и збогатувале со нови христијански содржини. Историчарот Приселков констатира дека "кога бил ракоположен првиот руски митрополит, Теопемт, во 1037 година, руската црква била потчинета на Охридската патријаршија".

Покрстувањето на Киевска Русија хронолошки се совпаѓа со постоењето на Самоиловото Царство, а Црквата на Самоил, Охридската архиепископија, која во негово време била подигната на степен на патријаршија (999 г.), била најсилна христијанска црква, со најголема диецеза, која имала врски со многу словенски народи. Некои руски историчари тврдат дека "јурисдикцијата на Охридската патријаршија над Руската црква се протегала и по паѓањето на Македонија под Византија, во времето на Василие Втори". Првата жена на кнез Владимир, чие име, засега, не ни е познато, мајка на нивните синови Борис и Глеб, кои денес се слават како први руски светии, Приселков соопштува дека потекнувала од семејството на цар Самоил. На ваков заклучок го навел податокот дека "првобитно синовите на кнез Владимир ги имале христијанските имиња Роман и Давид, кои често се среќавале меѓу големодостојниците од придружбата на македонскиот цар Самоил". До извесно заладување на односите меѓу Киев и Охрид дошло кога кнезот Владимир, откако станал вдовец, се оженил со Ана, сестрата на византискиот император Василиј II Македоноубиец.
Просветителското дело на солунските браќа, кое незадржливо се ширело меѓу словенското и несловенското население на Кавказ, и особено во Киевска и Московска Русија, одиграло значајна улога, пред сѐ, во подоцнежниот период, во време на покрстувањето на рускиот народ на тие простори. Имено, тоа довело до забрзување на тој процес и до културен препород на новохристијанизираните словенски маси, што ги издигнало на повисоко црковно-просветно и културно рамниште.

Д-р. Петар Поповски


Потеклото на вистинските цркви

Римскиот папа Никола I (858-867), пренесувајќи го официјалниот став на Римокатоличката црква во поглед на приматот на христијанските цркви во Источната и Западната екумена уште во далечната 859 година изјавил:
“Римската курија за вистински цркви ги смета оние што беа основани од апостоли, како што се - македонската, римската, антиохиската и александриската црква. И покрај тоа што црковните големодостојници на цариградската и ерусалимската црква се нарекуваат патријарси, сепак, тие немаат такво значење, бидејќи не се уредени од апостоли ”.

(Латински извори за бугарската историjа, II, BAN, Sofiz, 1960, 109, 110, 11 i 172).



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 218
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 667
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 873
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »