логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


На МПЦ-ОА и треба добар маркетинг
Бадник е семеен празник, а практиката покажува дека, наместо да бидат дома со семејството, бадникарите крај огновите се забораваат со пиењето и го прекршуваат постот, а тоа придонесува утредента да бидат мамурни и да не ја посетат литургијата во црквите за Божиќ. Божиќ паѓа во сенка на некои адети што се практикуваат за Бадник


ИНТЕРВЈУ СО ВЛАДИКАТА ПИМЕН

На Македонската православна црква-Охридска архиепископија и недостига добар маркетинг. Црковните лица треба да ангажираат агенција за односи со јавноста, што ќе ги насочи како да ги презентираат новините во православието и како да реализираат одредена идеја.

Вака на состојбата во МПЦ-ОА гледа владиката Пимен, надлежен за европската епархија, кој е еден од помладите митрополити во редовите на Светиот синод. Современите погледи на животот, засновани на каноните и на принципите на црквата, и дадоа процут на епархијата на г.г. Пимен, за што најнепосредно зборува и зголемениот број на нови верници меѓу иселениците.
- Задоволен сум од втората и третата генерација иселеници во земјите низ Европа. Можеби фактот дека сум помлад влијае на верниците и на нивната мотивација повеќе да ја запознаат црквата. Но, секако, не ги исклучувам и постарите верници. Тие се матицата.

Припаѓате на генерацијата помлади владици во Светиот синод. Дали Синодот размислува за вклучување нови владици, зашто некои се одговорни за две црковни епархии?
- Засега немаме слободна епархија што треба да биде пополнета со нов владика. Австралиско-новозеландската сé уште е администрирана од владиката Петар. Имаме листа на која се ставени монасите што ги исполнуваат условите да станат владици, како што се 30-годишна возраст, искуство за подобрување на верскиот живот и архимандритскиот чин. На листата се тројца монаси, но наскоро ќе може да се пополни со уште неколку архимандрити.

За Бадник преовладува една празнувачка традиција кај народот, која се практикува со пагански елементи. Како црквата се справува со ваквата традиција?
- Секако дека треба да се празнува Рождеството Христово, Божиќ, раѓањето Христово, спасението наше. Ден претходно се празнува Бадник, но во зависност од тоа која црква се задржала, во одреден дел од државата има различни начини за неговото празнување.

Бадник е семеен празник, а практиката покажува дека, наместо да бидат дома со семејството, луѓето крај огновите се забораваат со пиењето и го прекршуваат постот, а тоа придонесува утредента да бидат мамурни и да не ја посетат литургијата во црквите за Божиќ. Божиќ паѓа во сенка на некои адети што се практикуваат за Бадник. За жал, сé уште немаме изградено став по тоа прашање, сé е сведено на епархиите. Немаме ингеренции да се мешаме во друга епархија.

Дали го поддржувате свештенството во идејата за формирање црковен синдикат, кој би се грижел за плаќањето на придонесите за социјално, здравствено и пензиско осигурување?
- Би било практично да се формира синдикат, но треба да се внимава кога ќе се прави статутот на тоа тело да се наведе дека тоа ќе се раководи и според каноните на црквата. Синдикатот би ја вршел работата со намирувањето на обврските на свештениците кон државата. Наместо ние како владици да се симнуваме на терен и да констатираме дали некој свештеник од селата има намирени придонеси, тоа би го правеле луѓето од синдикатот. Тие би ги систематизирале сите проблеми на свештениците.

Верниците често изјавуваат дека им се скапи услугите на свештениците и дека МПЦ-ОА не се занимава доволно со хуманитарна дејност. Дали е навистина така?
- Ако се направи сондажа на терен меѓу верниците за состојбата во црквата, навистина ќе се покаже дека најмногу им пречат црковните такси. Луѓето прават свадба за 500 лица, а се жалат дека им е скапа венчавката во црква. Доколку се објасни суштината на она што го добиваме од црквата, дека крштевките и венчавките не се повторуваат, тогаш ќе видиме дека услугите и не се скапи. За хуманитарната дејност на црквата, пак, сметам дека немаме добар маркетинг. Веќе неколку години функционираат народните кујни низ градовите во земјата, како и групните крштевки и венчавки. Црквата не може да се претвори во социјална установа, за тоа најмногу е одговорна државата. Можеби би требало повеќе инвестирање во дом за стари лица.

Зошто Синодот никогаш не собра храброст да ги расчисти финансиските скандали што изминатите години ја потресоа МПЦ-ОА?
- За финансиските скандали знаеме онолку колку што ни било соопштено. Многу пати на синодска седница биле отворени тие прашања, но, за жал, секогаш по иницијатива на медиумите. Она што ни се презентираше во тоа и веруваме и тој став го заземаме. Се зборува дека се проневерени големи пари, но во судските процеси претставниците на црквата беа амнестирани. Тоа значи дека ако државата не нашла криминал во црковните редови, тогаш ние не можеме никого да осудиме. Моралната одговорност е нешто друго. За нас тоа прашање е затворено, чекаме да завршат судските процеси и да видиме дали држат оние информации што ни биле пласирани на синодската седница.

Дали Синодот досега размислувал за формирање финансиско тело што би раководело со економските и правните работи, со што во иднина би се спречиле финансиски малверзации?
- Јас сум поборник за тоа црквата да ангажира професионалци во одредена област. Треба да вклучиме правници и економисти, кои би ни биле консултанти за тоа како да реализираме некоја идеја. Дури може тие лица да имаат постојано вработување во МПЦ-ОА.

Очигледно е дека преговорите со Српската православна црква за признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА чекаат на решавање на состојбите во регионот. Дали сметате дека треба да се обноват?
- Би паднале во замка ако кажеме дека не ни се потребни преговори со Српската православна црква. За таква одлука ќе бидеме осудени од целиот православен свет. Таквиот однос ќе го сметаат за изолирање од другите цркви. Имаме испратено барање до СПЦ за официјална средба и затоа сме чекор пред нив. Случувањата на Косово нé фрлија во втор план, па можеби затоа од српските владици не сме добиле никаков одговор.

Откако им се случи Артемие на Косово, можеби ќе гледаат поинаку на нас, како и на случувањата со Вранишковски.

Дали сметате дека процесот со христијанското обединување би можел да помогне во однос на прифаќањето на МПЦ-ОА како автокефална црква?
- Неопходна е комуникацијата со православниот свет. Во Шведска, како мое место на живеење во Европа, комуницирам со српскиот и грчкиот владика, со романскиот, како и со претставниците на Руската православна црква. Ако настапуваме единствено пред тамошните власти, многу повеќе може да добиеме, отколку ако видат дека сме разединети. Тогаш несериозно би гледале на нашите барања и планови. На пример, православните цркви во Шведска беа обединети кога требаше да добијат православни гробишта. И во Франција православците функционираат обединето.

Која е вашата порака за верниците во пресрет на божиќните празници?
- Божиќ е празник на раѓањето на Исус, па затоа ќе упатам само една порака, а тоа е граѓаните да се насочат кон зголемување на наталитетот во државата. Не треба да стравуваат од економските и од социјалните кризи и тие да им бидат главен изговор за формирање многудетно семејство.

ЛИЧНА КАРТА

Г.г. Пимен е роден во 1971 година во Ресен. Монашкиот живот го почнал во манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча. На постдипломските студии во Париз 2004 година го затекнала одлуката да биде избран за викарен епископ на струмичката епархија. Веќе 2006 година бил назначен за надлежен архијереј на европската епархија.
  
   
Автор: Радмила Заревска  -Нова Македонија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1245
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1569
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная