Извор:

   
Simona Halep (ROU) walks off Centre Court with the Venus Rosewater Dish after winning the final of the Ladies’ Singles. The Championships 2019. Held at The All England Lawn Tennis Club, Wimbledon. Day 12 Saturday 13/07/2019. Credit: AELTC/Ben Solomon

Откако го прими највисокото признание на Романската Православна Црква, шампионката на Вимблдон зборуваше за нејзината посветеност и верност кон Мајката Божја. Тенисерката откри во своето интервју дека љубовта кон Бога и Богородица и била пренесена од нејзиното семејство.

„Никогаш не се двоумев јавно да ја исповедам својата вера“, изјави победничката на турнирот во Вимблдон, која секогаш Му благодари на Бога за своите постигнувања и го изобразува знакот на чесниот крст на тениското игралиште.

Базилика.ро: Кој светија ти е посебно мил, кого посебно го повикуваш во молитва кога ти е потребна помош?

  -  Мајката Божја е секогаш во моите мисли!

Базилика.ро: Многу си приврзана со  својата фамилија. Дури и победата на Вимблдон ѝ ја посвети на својата мајка. Што мислиш, колку помага здравиот однос со своите родители во градењето на младата личност?

   - За да можеш да постигнеш големи нешта во овој живот, потребна ти е целосната поддршка на твоите родители. Сметам дека без нив ја немаш потребната внатрешна сила.

Базилика.ро: Во Списите на светите отци често се користат спортски термини за да се опишат духовни подвизи или борби, особено бидејќи дисиплината и упорноста се неопходни и во подвижништвото и на спортските терени. Колку тие значат во твоите спортски постигнувања?

   - Дисциплината е нај важниот аспект на изведбата. Упорноста е неопходна за да можеш да продолжиш напред после секој пораз.

 

Базилика.ро: За да се погрижи за физичкото здравје, покрај духовното, Црквата презеде иницијатива за различни спортски натпревари за деца на ниво на парохиите и епархиите. Што мислиш за овие црковни иницијативи?

   - Ги подржувам. Спортот е добар за здравјето и за менталната рамнотежа. На сите ни треба позитивна енергија, а спортот навистина помага.

 

Преземено од:

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/eksluzivno-intervju-na-simona-halep-majkata-bozhja-e-segogash-vo-moite-misli/