логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Интервју  со Ефтим Kлетников

Без името ќе бидеме постмодерни Хазари

Саркастично, во замена за Името, ни се нуди некаква иднина, во која ќе нè снема како идентитет, ќе бидеме само безлична и територијална маса. Ништо друго. Ќе бидеме Хазари, постмодерни Хазари

 

Промоцијата на збирката поезија „Име од вечност“ на Ефтим Kлетников наликуваше на средба во Министерството за надворешни работи. Многу личности, политичари и уметници, активно вклучени во дебатата за апсурдниот спор за името дојдоа да му дадат поддршка на поетот, чија креативна мисла, недвосмислено протатковинска, создаде моќна книга, за чиј наслов се залепи севкупната домашна јавност. Дали е ова вистинско време за патриотизам?

Kако настана збирката „Име од вечност“? Kако личен отпор, намерно составен или како логична последица на сеприсутноста на прашањето за името?

- И едното и другото имаат удел во настанувањето на книгата, но тие се во заднина. Никогаш не сум бил поклоник на намерна и голо ангажирана поезија. Поезијата, како што ја сфаќам и доживувам, а потоа и пишувам, мора да има длабока онтолошка основа, да е говор на душата и битието, израз на длабока емоција, болка или радост, од кои извира, надвор од однапред смислен ангажиран концепт. Такви се, мислам, и песните во „Име од вечност“. Логично, во нив може да читате отпор кон оној ступидариум со европска и светска димензија, присутен во темата со нашето Име. За жал, во него, нешто под присила, нешто под сопствено убедување, подлегна и дел од нашата, пред се, политичка и интелектуална јавност. Обичниот народ – не. Тој има поздрава свест и етика за поимот идентитет.

Дали помисливте дека оваа поезија би можела да биде ставена во контекст на критиките за новиот патриотизам во уметноста, неретко оценуван како лажен и конјунктурен на моментот?

- Не сум помислил воопшто на тоа, затоа што и книгата не ја пишував во класичен романтичарски манир како некој вид долг кон татковината или како завет на моите патриотски чувства, кои евентуално им ги предавам на поколенијата. Ако сакате, „Име од вечност“ може да се чита и како патриотска поезија, има основа за тоа, но со тој клуч на читање драстично се стеснува нејзиниот асоцијативен и семантички простор.

Во која смисла?

Во книгата е јасно препознатлива актуелната национална тема, но не од површен политички, наш или евроуниски аспект. Почетниот национален идентитетски импулс се отвора кон архетипската димензија на темата, кон прашањето на општата човекова несреќа, за присуството на темниот варварски нагон кој ги мрази духовната светлина и мирољубивоста, кроткоста што ја проповедаше Исус од Назарет. Она што денес ни се случува со Името, со посегнувањето по него за да нè обезличат и историски збришат како идентитет, е типичен пример на варварство кон нас од најсуров геноциден тип. До скоро човештвото познаваше три типа геноцид – физички, религиски и јазички. Овој што ни го смислиле нам, па макар доаѓал и од самобендисаната со демократска маска Европа, е четвртиот вид геноцид, физички најбезболен, но историски духовно и културолошки најфатален. Ќе ви го сменат името и со тоа врз вас е извршена „безболна“ идентитетска евтаназија. Наеднаш ви е избришана целата историска меморија, немате повеќе никаква врска со Мнемосина, божицата на паметењето. Фино, европски, цивилизирано и демократски. Не знам, но мене ми изгледа дека Македонците се новите Евреи на Европа. Kако инаку да се објасни тоа што ни го прават без никаква вина.

Многу од песните се посветени на конкретни личности. Kому е посветено ова преиспитување на името, генерално?

Посветите се главно на мои лични пријатели кои не се на некој апартен или политички начин вклучени во тој апсурден спор. Вклучени се чисто и длабоко, пред сè, со својата емотивна болка и јанѕа од сè што ни се случува. Генерално им е посветена на сите што ја чувствуваат сериозната закана за нашата судбина и опстојба во неа.

Песната „Имот“ и е посветена на Грција. Во неа пропорачувате „свадбен пламен“ и нивните невести „да го зачнат првата венчална ноќ новото племе што нема да мрази“. Тоа ли е креативното препрочитување на ЕУ-препораките за договор меѓу Македонија и Грција?

Во суштина – да. На светот му се потребни свадби, а не војни. И потребно е првата венчална ноќ новото племе или поколение да зачнува со љубов, а не со омраза кон другиот. Тоа е во основа и пораката на оваа песна кон Грција, која никако да се успокои додека не нè обезличи и нè снема како историски субјект. Но, она што е најстрашно е што тој нивни темен варварски нагон кон нас сесрдно го поддржува ЕУ. А првичната модерна визија за обединета Европа е на Виктор Иго, кој ја изнесува во францускиот парламент. Но, денес гледате ли кој управува со таа визија, какви сè не типови ни идат од Брисел. Да пукнеш од мака, Фуере до Фуере.

Мислите, онаа ЕУ што ја доби Нобеловата награда за мир?

Тоа веќе не е ни иронија, туку жесток цинизам. Без разлика дали Нобеловиот комитет е свесен за тоа или не. Но, тоа не ништо чудно за него. Знаете ли зошто не му ја дал, на пример, првата Нобелова награда за литература на Толстој, туку на францускиот поет Сили Придом, кого и самите Французи го имаат заборавено и денес веќе не го печатат. Затоа, што покрај тоа што бил обележан како словенофилски анархист, имал анимозитет кон Европа и западната картезијанска цивилизација, пред сè, поради нејзиниот дефицит на етички и морални вредности.

Kаква ни се релациите со Европа денес? Дали експериментира со нас, неинтегрираните?

- Да. Македонија за Европа е и поле и лабораторија и заморче. Во неа се експериментира со рамковен, Бадентеров и етнички експеримент наместо само со граѓански и демократски. Се разбира, и со историското обезличување на еден цел древен колектив преку промена на името. Можеби ни во Африка не се извршени сите тие експерименти и не се сесрдно поддржувани од такви моќни велесили какви што се САД и ЕУ. Алал да им е, многу се силни кон столчен народ.

Kои се Вашите црвени линии за името?

- Ако сме чесни кон себе, не смееме да смениме ни четвртина буква од Името, а не да го менуваме, да му лепиме како патерица, за да биде вечно осакатено и тоа и ние со него, некаква придавка. Не тераат да го смениме за да ја избришат од нашата свест нашата историска меморија, целосно до крај. Да станеме табула раза. А тогаш не ќе можеме да се вратиме назад ни до нашата несреќна 2001, а камоли до своите праизвори во антиката, на кои, за жал, и ние за политички или друг вид профит толку издашно им се изнаплукавме. Промената на Името за нас ќе значи идентитетска и историска катастрофа. Со промената на Името, имотот на нашиот антички идентитет целосно ќе биде, со европски и американски печат, заведен во грчкиот катастар, а словенскиот во бугарскиот. Гледате како во последно време Бугарија активно и до крај отворено соработува на тој план со Грција. Целта која според нив ги оправдува средствата им е целосно иста. Постојат разлики во нијансите, но тоа е безначајно за нас и не ја намалува катастрофата од крајниот резултат.

Не гледатe ли придобивки од посакуваниот влез во ЕУ?

- Саркастично, во замена за Името, ни се нуди некаква иднина, во која ќе нè снема како идентитет, ќе бидеме само безлична и територијална маса. Ништо друго. Ќе бидеме Хазари, постмодерни Хазари.

Јасна Франговска

Извор: Дневник

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1245
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1570
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная