slika2.jpg
 

 

Почитувани,

Редакцијата на ПреминПортал ги повика љубителите на фотографијата, на учество во фотопрезентација на тема „ МОЈА ВИЗУРА“. Добивме прекрасни, инвентивни, и со интересни ракурси фотографии. Искажуваме голема благодарност и почит до сите автори кои ни ја укажаа довербата и ни даруваа дел од себе, преку својата презентација на фотоси.
Пристигнатите  колекции на фотографии, како и поединечните, ни беа предизвик да одбереме 5 најдобри фотографии и 5 колекции .
Изборот ќе го направи жирито во состав:

Роберт Јанкулоски, професор по фотографија  – претседател
Марија Џиџева, филмски и тв режисер – член
отец Игор Калпаковски - член
Кирил Златанов, зограф – член и
Дарко Башески, филмски и тв снимател -
член

За Избор на најдобри фотографии : Селекција на порталџии, поканети се неколку порталџии да дадат свое мислење, односно избор.. Им благодариме за вниманието, а особено на lpa, кој прв не удостои и го направи изборот.

Благодарност и до сите и за се!

Преминпортал,

од Уредникот