логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Битола, 30 септември (МИА) - Со доделување на наградите, синоќа во Битола заврши официјалниот дел на 28-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

На церемонијата на свеченото затворање присуствуваше и покровителот на оваа престижна манифестација од областа на културата, претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

Петчленото меѓународно стручно жири, годинава додели две награди „Златна камера 300“, и тоа на хрватскиот филм „Живи и мртви“ и на чешкиот „Му служев на англискиот крал“.

Според стручното жири, кинематографот Драган Матковиќ ја доби првата награда за хрватскиот филм „Живи и мртви“, заради динамичната визуелна експлозивност која ги претопува минатото и конфликтите од блиското минато, моќно сугерирајќи ја вечната бесмисленост на војната.

Кинематографот Матковиќ, примајќи ја наградата, рече наградата „Камера 300“ ќе биде  светилник во неговата понатамошна снимателска работа.

- Навистина сум изненаден од оваа награда, а воедно сум и пресреќен. Ова е мојот прв филм и затоа уште повеќе сум возбуден. Се надевам дека оваа „Камера 300“ ќе биде мој светилник во мојата понатамошна снимателска работа, истакна Матковиќ.

Филмот од Чешка „Му служев на англискиот крал“ ја доби златната „Камера 300“ поради прекрасната визуелизација на едно трагикомично литературно ремек дело, преку употребата на еден калеидоскоп од филмски техники.

- Голема чест е да се стои овде, пред публиката, награден. Нашата професија ја унапредува културата со цел да живее оваа прекрасна традиција на вашиот фестивал „Браќа Манаки“, рече чешкиот кинематограф Јаромир Софр, кој беше бурно поздравен од македонската публика.

Сребрената „Камера 300“ му припадна на кинематограф во македонскиот филм „Јас сум од Титов Велес“.

Меѓународното стручно жири оваа награда ја додели поради тоа што овој филм користи оригинален артистички и кинематографски јазик, за да ја претстави моќната семејна трагедија на три сестри чија надеж создава фасцинантна и длабока необична приказна. Наградата и беше врачена на кинематографката Вирџини Сент-Мартин.

Бронзената „Камера 300“ ја освои кинематографот Кристофер Дојл за филмот „Парк параноја“.

Според востановената традиција и годинава на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ посебни награди доделија конзорциумот „МОС-Филм“ од Москва, Русија и Општината Битола. Специјална диплома од страна на рускиот конзорциум беше доделена за авторите на филмот „Долина“ од Унгарија, додека  наградата од градот домаќин ја доби филмот од Јапонија „Таговна шума“ .

Дваесет и осмото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера завршува вечерва со, како што најавија организаторите, филм изненадување на публиката. мт/бак/9:34



ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „БРАЌА МАНАКИ“

И публиката и жирито задоволни од понудата

По три филмски продукции дневно може да видат филмските вљубеници, кои ги има во голем број

Во импресивни филмски остварувања кои пленат со моќна фотографија ужива публиката на фестивалот што ја слави филмската слика, „Браќа Манаки“ во Битола. По три филмски продукции дневно може да видат филмските вљубеници, кои ги има во голем број. Новите остварувања на Јиржи Менцел - „Како му служев на англискиот крал“, зад чија камера стоеше славниот Јаромир Шофр беше најдобро прифатениот филм завчеравечер, кој публиката ја испрати со многу воздишки и насмевки. Остварувањето, кое засега го виделе околу милион луѓе во Чешка, предизвика голем интерес и кај членовите на жирито, кои на прес-конференцијата што се одржа вчера поставуваа прашања за процесот на работа на филмот.

Јапонскиот филм „Таговната шума“ на режисерката Наоми Кавазе ја остави без зборови публиката. Извонредните пејзажи и успешното доловените приказни на двата главни лика во филмот, отворија многу прашања кои му беа поставени на кинематограферот Хидејо Накано, кој дојде во Битола.

Новиот филм на режисерот Александар Поповски „Метаморфози“ беше промовиран завчеравечер, во Домот на културата. На промоцијата присуствуваа актерите Тони Михајловски, Ирена Ристиќ, сценографот Бујар Муча, продуцентот Роберт Насков.

- Во овој процес на глобализација, глобално затоплување и други глобални процеси, се радувам што се занимавав со процесот на метаморфоза, кој на многу убав начин ми ја одбележа годината. Како резултат на тој процес, настана и овој краток филм, кој морам да кажам дека ме врати во периодот кога почнував да се занимавам со филмската уметност. Собрав многу убава актерска екипа, со која си поминавме одлично. Филмот не е завршен - рече Поповски.

Судејќи според реакциите на жирито, тие воопшто не се рамнодушни кон селекцијата што ја направил Благој Куновски-Доре. Во Битола беше промовиран и најдобриот хрватски филм за минатата година - воениот „Живи и мртви“ на Кристијан Милиќ.

Добитникот на специјалната награда за животно остварување, Бранко Лустиг, вчера одржа мастер-клас, кој предизвика голем интерес.

„Јас сум од Титов Велес“ првпат дома

Македонската премиера на „Јас сум од Титов Велес“ во режија на Теона Митевска е вечерва во 19.30 часот во битолскиот Центар за култура.

Директорка на фотографија на овој филм е Виржин Сент Мартен, која е во конкуренција за награда. Филмот доби специјална награда на Саревскиот филмски фестивал, а се натпреваруваше за награда на фестивалот во Торонто.

Пред тоа, во 17 часот на програмата е „Исчезната ѕвезда“ на кој кинематографер е Лука Бигаси, а во 22 часот на програмата е „Контрола“ на кинематограферот Мартин Руе.

Сребра Пашовска

+++


Битола, 26 септември (МИА) - Во големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа почна 28-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Брака Манаки“.

На свеченото отворање прво беше доделана наградата за животно дело „Златна камера 300“. Ова високо признание на кинематографот од Русија Анатоли Петрицки му го врачи претседателот на Советот на фестивалот Роберт Насков.

- Благодарам на сите што ме донесоа во Битола. Камерата ми го продолжува животот. Јас знам дека Битола е стар град и се вљувив во Битола како што стар човек е вљубен во старица, рече во своето обраќање пред македонската публика Петрицки, кинематографот на познатиот филм „Војна и мир“ годинешен добитник на наградата за животно дело.

Фестивалот за отворен го прогласи, добитникот на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност хрватот Бранко Лустиг.

- Кога на моите загребчани им реков дека одам за Битола, ми рекоа, ах, да „Битола мој роден крај“. Јас во Битола и во Македонија сум бил многупати. Првиот пат беше за време на земјотресот во Скопје. Тогаш останав шест месеци, снимавме долго. За документарниот филм „Скопје 63“ ја освоив високата награда на фестивалот во Венеција „Златен лав“. Подоцна снимав со Питер Јустинов, а пред извесно време и кадар за филмот „Миротоворец“ рече Бранко Лустиг на вечерашната свеченост и го прогласи за отворен Фестивалот во Битола.

Фестивалот официјално почна со прикажувањето на македонската премиера на филмот „Превртено“ на режисерот Игор Иванов-Изи во кој кинематографер е Томи Салковски.

Потоа во полноќната програма беше прикажан аргентинскиот филм „Другиот“ во режија на Ариел Ротер. мт/ми/8:29

+++

.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1253
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1576
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная