Театар - метаморфози!


Судејќи по стартот на годинешниве СКОМРАХИ можно е да бидеме присутни на еден одличен студентски театарски фестивал


Преполн салон, фантастична позитивна енергија, поигрување со боговите, разигрување со театар и многу аплаузи... Вака во пет зборови, позитивно може и мора да се оцени она што се случуваше на отворањето на СКОМРАХИ, на претставата "Метаморфози" во режија и драматизација на Александар Поповски, со студентите од ФДУ Скопје и Универзитетот за музика и драма од Грац, Австрија. Навистина видовме ретко освежување, енергично театарско нештедење на кое, за волја на вистината може да му позавидат повеќе професионални театри во државава.

Со згодите и незгодите на боговите и обичните смртници за околу два часа уживавме во тоа како студентите се уште "недопечени" и тоа како ни покажаа дека сакаат да го учат занаетот и навистина знаат како да навлезат во него, бидејќи театарот покрај уметност е и знаење... Одамна по некоја претстава не сме виделе толку весели, насмеани лица кои на коктелот (не само поради јадењето и пиењето) не сакаа да го напуштат салонот на Драмски. Судејќи по стартот на годинешниве СКОМРАХИ можно е да бидеме присутни на една одлична студентска театарска фешта.
Извор: Вечер