Vrakanje.jpg

Ве известуваме дека краткометражниот игран филм „Враќање“ во режија на Дина Дума, на филмскиот фестивал во Херцег Нови  е добитник на првата награда во рамките на студентската филмска програма. Наградата ГРАН ПРИ е доделена од жирито на фестивалот за најдобар филм во целост.

Краткометражниот игран филм “Враќање” е дипломски филм на Дина Дума, дипломиран филмски режисер во класата на проф. Столе Попов и на Наум Доксевски дипломиран филмски снимател, во класата на проф. Апостол Трпески, студенти на Факултетот за драмски уметности од Скопје.

Vrakanje.jpg

Поголем дел од кастот во филмот го сочинуваат млади актери кои се веќе етаблирани во филмскиот свет. Ивана Павлаковиќ и Димитрија Доксевски ги играат главните улоги, а останатиот дел од младата актерска екипа го сочинуваат Кристина Леловац, Ивица Димитријевиќ, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Аксел Мехмет и Александар Вељановски. Во филмот “Враќање” учествува и нашата повозрасна актерска елита: Софија Куновска, Никола Ристановски и Владо Јовановски.

Vrakanje.jpg

„Враќање“ е комплетен продукциски производ на Факултетот за драмски уметности, снимен со минимален буџет од Филмскиот фонд на РМ. Целокупната актерска и авторска екипа учествуваше во филмот без хонорари, па наградава нека е повод искрено да им се заблагодариме за нивниот придонес.

Во екипата беа вклучени и млади филмски уметници и студенти кои изминативе години активно се развиваа и доусовршуваа работејќи на професионални филмски проекти, интернационални копродукции, земаа учество на дополнителни курсеви, школи, семинари, фестивали во различни земји во светот и повеќето од нив веќе имаат интернационални признанија за нивната исклучителна работа во професионалниот домен.

На фестивалот во Хергец Нови, беа прикажани уште два играни краткометражни филмови и еден документарен филм во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје и тоа: “Шекспирова 9/1”, “Аудиција” и “Вонземјанинот Ли”.

Скопската премиера на “Враќање”, но и на “Шекспирова 9/1” и “Аудиција” е закажана за крајот на септември.


Линк до објавата за наградата:

http://www.ffhn.me/me/ffhn/ffhn-mff/selekcija-studentskih-filmova/233-the-last-act


Линк до фестивалот:

 

 http://www.ffhn.me/me/

IMDB:

http://www.imdb.com/title/tt3909702


Facebook:

 

https://www.facebook.com/vrakanje





Со почит,
Факултет за драмски уметности Скопје