Претставата "Стари времиња" од Харолд Пинтер од сабота (20 ч.), ќе биде дел од репертоарот на Драмскиот татар од Скопје. Оваа дипломска претстава на студентите од ФДУ со дел од претпоследната генерација дипломци во класата на Кирил Ристески, ќе се игра на малата сцена со динамика од две до три изведби месечно. Под менторство на проф. Ристески и асс. Зоја Бузалковска во оваа претстава играат Драгана Костадиновска, Трајанка Илиева Таци и Ненад Нацев.

За директорот на Драмски, Бранко Ѓорчев ова е само продолжување на идејата на создавање на алтернативни претстави и без конкретна помош од државата, кои ќе носат млада публика пополнувајќи ја "репертоарската" дупка во однос на алтернативниот театар. Професорот Кирил Ристески го поздрави потегот на Драмски за отворање на вратите на театарот за младите и студентите.

Извор:Вечер