НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ

Златен медал за "Неуспешен лет"

Македонскиот автор Богоја Стојкоски Пусторекански освои златен медал на годинашниот меѓународен филмски фестивал на непрофесионален филм, што се одржува од 3 до 5 август во Омољјица, Србија на тема Живот во село - ЖИЗЕЛ". Пусторекански се закити со оваа награда за филмот Неуспешен лет".
Тој е член на Филмскиот сојуз на Македонија и досега е наградуван на повеќе меѓународни филмски фестивали. Минатата година на истиот фестивал, со неговиот филм Помогни ми да ти помогнам" освои Гран-при.
Во 2010 година на светскиот фестивал Уника" што се одржа во Швајцарија, со филмот Неуспешен лет" освои бронзен медал.-Вечер