computerworld.com

16 мај 2011

Подмолната ПР кампања на Фејсбук против Гугл покажува колку стана интензивна конкурентноста меѓу двете компании - и колку долго Фејсбук ќе оди во оваа битка.

- Отсекогаш постои студена војна со ниски удари на различни фронтови, откако Фејсбук на сцената порасна толку голем, вели Ден Олдс, аналитичар во Габриеловата консултанстка група. - Тие се повеќе се гледаат себе си како ривали со Гугл заради рекламирање за пари. Ова не треба никого да изненадува. Конкуренција? Би одел уште подалеку. Допрва ќе гледаме жестока конкуренција „по носовите“.

Фејсбук минатата недела признаа дека ангажирале позната ПР фирма за да објавува анти-Гугл приказни во медиумите.

И Фејсбук и ПР фирмата Барстон-Марстелер во четвртокот признаа дека се обидуваат да ги убедат новинарите и блогерите да пишуваат негативни написи за политиката на приватност на Гугл. Додека Фејсбук негира дека спроведува „негативна кампања“, аналитичарите велат дека жестоките напади се јасен знак колку стана жешко меѓу двата интернет гиганти.

- Фејсбук признава дека Гугл се нивна најголема закана, вели Роб Ендерле, аналитичар во Групата Ендерле. - Гугл забрзано работи да започне своја социјална мрежа... Ако некој во моментов може да го исфрли Фејсбук од бизнисот, тоа е Гугл.

- Директната конкуренција меѓу двете компании најверојатно ќе заврши со Гугл како победник и Фејсбук ќе изчезне, вели тој.

Конкурентноста или можеби и болната воља, помеѓу Фејсбук и Гугл нарасна во изминативе месеци.

Минатата есен Мајкрософт ги зацврсти односите со Фејсбук со што двете компании почнаа да работат пребарувањето по интернет да сране посоцијално. Тоа беше чекор кој стана најголема закана за пребарувањето на Гугл досега.

- Се води војна за иднината на мрежата, но не за пребарувачите, туку за социјалната мрежа, истовремено вели Валдез. - Натпреварот е помеѓу новиот и стариот - помеѓу Фејсбук како еден од првите лидери на социјалниот веб, и Гугл како доминантен играч на содржините на мрежата. Сите други, како што се Мајкрософт, Јаху и Твитер, ќе играат секундарна улога и ќе почнат да се наклонуваат на едната или на другата страна.

Со таква доза на ривалство, Ендерле не е изненаден дека Фејсбук ќе користи ПР фирма за да ја задржи силната позиција.

- Сфатија дека треба да водат борба, додава тој. - Само... го промашија оружјето. Или престанете да го правите ова или правете го како што треба.

И Хедли Рејнолдс, аналитичар во АјДиСи, и Олдс велат дека проблемот тука е затоа што извршните директори на Фејсбук се незрели и неискусни во бизнисот за да го водат овој натпревар. Ќе треба голема деловна умешност да се уништи таков ривал. Погрешните чекори на Фејсбук го отвараат прашањето дали коосновачот Марк Цукерберг и неговите соработници имаат таква умешност.

- За мене, Фејсбук е премлад за да биде на позицијата на која е сега“, вели Рејнолдс. - Пребрзо растат. Сега се на место каде е опасно да се прават глупави грешки како оваа. Порано глупаво беше да се изложуваат информациите за луѓето и да си дозволуваат слаба безбедност. Ова е најмалку прашање на технологијата, а повеќе околу менаџментот кое носи зрели одлуки за создавање почитуван бизнис.

И приватните грешки на Фејсбук додаваат масло во целиот оган. Фејсбук беше откриен дека се обидува во медиумите да сее приказни за приватната практика на Гугл. Ова доаѓа од компанија на социјална мрежа која и самата има огромна улога во заматениот проблем со приватноста и безбедноста.

- Само уште нешто, ова изгледа како оттргнување на вниманието од страшните податоци за Фејсбук во врска со заштитата на податоците на своите корисници, вели Рејнолдс. - Ова е класика: капачето паѓа и вика дека е заради тоа што тенџерето е црно“.

И Рејнлдс и Олдс истакнуваат дека ако Фејсбук саката да ја сруши својата конкуренција многу места надолу, треба да внимава каква поплава ќе предизвика.

- Во Фејсбук треба да сфатат дека тие не се тинејџерска компанија, вели Олдс. - Тие се преголема компанија за да можат да избегаат од нешто вакво. Можеа да го постигнат истото и преку вообичаена комуникација без ниски удари и немаше да завршат под ваква опсервација. ат/