TVIT511SHmeman.Sozenicin

Александар Исаевич Солженицин!*
ЦИТАТИ:

---
За да се уништи еден народ, тој треба да биде одвоен од своите корени!
---
-На човекот му се дава еднаш не само животот, туку и совеста.
-Доколку ти се случува често да лажеш, тогаш порано или подоцна ти ќе поверуваш во тоа.
-Луѓето не можат да поверуваат во својата сила, не бивајќи
жестоки.
-Тешко на онаа нација, во која литературата е прекината со посредство на сила: тоа не е само нарушување на “слободата на печатот”, тоа е – замолкнување на националното срце, пресекување на националното сеќавање. Нацијата не се сеќава самата на себе! Нацијата се лишува од духовно единство – воопшто како сонародниците да престануваат да се разбираат меѓусебно иако зборуваат еден и ист јазик. Го живеат животот и умираат неми поколенија, кои не раскажале за себеси ниту на самите себе ниту на потомците. Ако такви мајстори, како Ахматова или Замјатин, биле цел живот наживо закопани, осудени до гроб да творат молчејќи, не слушајќи ги одгласите за она што го напишле – тоа не е само нивна лична несреќа но, несреќа на сета нација, а и опасност за цела нација.
Во други пак случи – и за цело човештво: кога поради ваквото молчење престанува да се разбира во целост и сета историја.
-Отвореноста, чесната и целосна отвореност – тоа е првиот услов за здравјето на секое општество. Кој не ја посакува транспарентноста на татковината - тој не сака да ја очисти од болести, туку да ги турне внатре, за да гнијат.
-Уметноста ја затоплува дури и оладената, затемнета душа и ја води кон висок духовен опит. Со помош на уметноста понекогаш нам ни се праќаат, некако нејасно и кратко – такви откровенија, кои не можат да се создадат со помош на разумско размислување.
-Едноставен чекор на едноставен мажествен човек: да не се учествува во лага. Да не се поддржуваат лажни дејства! Нека доаѓа тоа во светот и дури нека владее во светот – но, не преку мене. Писателите и сликарите можат уште повеќе: да се победи лагата!
-За да се уништи еден народ, тој треба да биде одвоен од своите корени!
-Мора да разберете, дека елитата на болшевиците кои ја освоија Русија не беа Руси. Тие ги мразеа русите. Тие ги мразеа христијаните. Поттикнати од етничка омраза тие измачуваа и заклаа милиони Руси без ронка каење. Тоа не може да се порекне. Болшевизмот изврши најголемо уништување на луѓето во сите времиња. Фактот што поголемиот дел од светот е во незнаење и без грижа за овој огромен злочин е доказ дека светските медиуми се во рацете на извршителите (на злочинот)!
-За да стори зло човекот мора најпрво да поверува дека прави нешто добро. . .
Идеологијата - тоа е она што на злосторникот му го дава правото да твори зло и истовремено му дава непоколебливост и решеност. Тоа е социјалната теорија која овозможува неговите дела да изгледаат добри наместо зли во неговите сопствени и туѓите очи, без да ги слушне укорите и клетвите, очекувајќи почести и пофалби.
-Се надевам дека никој присутен нема да се посомнева дека со мојата лична критика на западот го нудам социјализмот како алтернатива. Откако го искусив применетиот социјализам, нема да зборувам на тој начин. Имено, познатиот советски математичар Шафаровиќ, член на
Советската академија на науките, напиша брилијантна книга со наслов “Социјализам”! Тоа е длабока анализа која покажува дека социјализмот од било каков вид и нијанса води до целосно уништување на човечкиот дух и до израмнување на човештвото во смртта.
-Генерацијата која сега излегува од западните училишта не е во состојба да разликува добро од зло! Дури и тие зборови се неприфатливи. Ова резултира со нарушена способност за расудување!
* на сликата доле две прекрасни личности и два генијална ума:
о. Александар Шмемен и Александар Солженицин!

Извор фб на о.Ивица Тодоров