Потпишан Меморандум за соработка за зголемување на фондот на аудиокниги
Понеделник, 02 Декември 2013 15:08
Е-пошта Печати PDF

Потпишувањето на Меморандумот, како што истакна министерката за култура, ќе овозможи да се дефинираат обврските и одговорностите што треба да резултираат со зголемување на фондот на аудиокниги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, што ќе придонесе за унапредување на правата и потенцијалите на лицата со оштетен вид ...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, генералниот секретар на Националниот сојуз на слепите лица Стерија Димов, директорот на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Горан Јакимовски и претставници на електронските медиуми и на Клубот на оратори потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка за зголемување на фондот на аудиокниги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Свети Климент Охридски“ - Скопје.

Потпишувањето на Меморандумот, како што истакна министерката за култура, ќе овозможи да се дефинираат обврските и одговорностите што треба да резултираат со зголемување на фондот на аудиокниги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, што ќе придонесе за унапредување на правата и потенцијалите на лицата со оштетен вид.

- Министерството за култура, преку националните установи-самостојни театри и центри за култура кои во составот имаат професионален театар, ќе ги обезбеди потребниот ангажман и динамиката на активностите на вработените во овие установи во врска со снимање книги во аудиоформат, а ќе обезбедиме и целосна функционалност на тонското студио во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски" - Скопје во коешто ќе се врши снимање на книгите во аудиоформат. Истовремено ќе се овозможи библиотечниот фонд на Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски" во Скопје да се користи и надвор од библиотеката“ - истакна Канческа-Милевска.

Таа додаде дека Владата на РМ својата грижа за лицата со посебни потреби, односно за слепите лица и за лицата со оштетен вид ја потврди со формирањето на библиотечниот центар во рамките на НУБ „Св. Климент Охридски”, кој овозможи доближување на книгата до широк круг визуелно хендикепирани читатели во Македонија.

- Со основањето на ова одделение, во рамките на издавачката дејност се создадоа услови за лицата без вид и за слабовидните лица постојано и континуирано да се издава секако вид литература и таа да се користи во образовни, информативни и стручни цели - подвлече министерката за култура.

Во изминатиот период во рамките на издавачката дејност на Одделението се работеше на специјалното издание за слепи и слабовидни лица отпечатено со Брајово писмо, „Наш збор”, како и звучното списание „Панорама”, кои се гласила на Сојузот на слепите на РМ, а неодамна излезе од печат и книгата „Мојот живот без вид” од основачот на Сојузот на слепите, Димитар Дерменџиев, како и 10 други звучни книги.

Двајцата министри се заблагодарија за поддршката на партнерите-потписници на Меморандумит: МРТ, Канал 5, Сител, Аласт М, 24 Вести, Сити радио, Клуб ФМ, Спортско радио, во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп.

 Извор: Министерство за култура

Друго:

 http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=B71E556CCACA8F44BF6C3954291A93A3