tv-televizija-600x432

Купивте нов телевизор и среќни сте што ќе имате подобра слика. Дали знаете дека повеќето модерни телевизори имаат можност да ве набљудувааѕ и да ги известуваат огласувачите кои се вашите омилени програми. Дури можат и да ве снимаат додека седите пред нив, при што не постои копче кое може да го исклучи снимањето!
tv-televizija-600x432Можеби звучи како заговор или како сценарио за футуристичи научно фантастичен филм, но новите телевизори навистина можат да ве шпиунираат.

Дејли меил пишува дека – додека вие во пижами грицкате нешто пред телевизорот, некој на другата страна на светот кој може да биде криминалец или претставник на голема корпорација, може да ве гледа, да слуша што зборувате и да следи што и кога гледате на ТВ. тајни и интима повеќе нема – се се знае! се разбира, во случај да имате нов „паметен“ телевизор со рамен екран.

Минатата недела во Британија,  IT експертот Џејсон Хантли утврди и докажа дека неговиот LG телевизор ја загрозува приватноста на неговото семејство.

Открил дека овој телевизор испраќал на производителот во Кореја податоци за сите емисии кои се гледаат на него. Кога прочачкал Џејсон открил дека истата таа фирма на огласувачите им нуди инфо и тоа за големи пари гарантирајќи им дека ќе им дадат релевантни податоци . Она што го шокирало е што не само што гледал туку снимки имало и од семејни прослави и собирања во неговиот дом.

Паметните телевозори кои се на интернет се исто како компјутерите – имаат двосмерна комуникација и така е лесно да се влезе во нив и да се добие податок за сопственикот па дури и да го снима. Она штоплаши е што нема копче каде да ја исклучите оваа опција. На компјутерите можете – има програми апликации за да се заштитите – на телевизорите нема, вели Џејсон.

Извор: http://mkd-news.com/vnimavajte-vashiot-televizor-mozhe-da-ve-snima/