Велес горд на младите кошаркари


Ренато Темелков (14) и Донче Бојчев (13) се двајца млади кошаркари од Велес и моментално играат во КК.Борец Баскет - Велес. Заедно тренираат веќе четири години. Почетоците на младите кошаркари им се во различни клубови, Донче почнал во КК Јуниот а Ренато во КК Ангели.

Љубовта кон кошарката и  извонредниот телент веднаш бил забележан. Според  спортските работници  првите две сезони ги одиграле просечно и не оствариле некој поголем успех, иако уште тогаш биле лидери на екипата со уште неколку поединци. Но, претходната сезона ја завршиле на третата позиција од 10 екипи во лигата до 14 години. Од таму продолжиле во плејоф, каде биле елиминирани во осминафиналето.
Таа година Ренато Темелков постигнувал во просек 43 поени по натпревар. И тоа против
КК.Струмица 65 поени, КК.Црн Дрим 45, КК. Киндер Баскет 42, КК.Јуниор 42 и КК МЗТ Скопје 46 поени.
Бојчев  пак нема толку постигнати кошови но затоа асистенциите се негов заштитен занк. Секој одигран натпревар Бојчев  во просек  има постигнато по 10 поени и по 6-7 асистенции.

Дека овие млади таленти  се забележани од спортската јавност во Велес говори и податокот дека  минатата година Темелков е одбран за надежен млад спортист од Сојуз на спортови!

Значајно за двајцата млади кошаркари е што тие летово  беа дел од  репрезентацијата до 14 години.  
Оваа година тие не играат заедно поради нови правила од Кошаркарската Федерација (двајцата не се иста генерација). Ренато (иако генерација 1999) оваа година игра во:
Генерација 98 (капитен), генерација 96 (прва петорка), и трета лига мажи исто во Борец Баскет, по просек таму игра 25 минути, постигнува 8-10 поени.
Бојчев игра во генерацијата 2000. Таму е капитен на екипата, а истовремено и лидер со помош на други играчи кои воопшто не се за потценување и напротив подеднаква улога имаат во тимот.

 

 

Извор:  http://lisica.mk/index.php/veles/glavni-vesti/4443-kosarkari.html