Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“ масовно се приклучија кон кампањата  за помош на најсиромашните сограѓани, во рамки на одбележувањето на Денот и Неделата за борба против гладта.


Во организација на на одговорниот наставник на Детската организација Љубица Чифлигароска, со донации од учениците и вработените во училиштето беа подготвени повеќе хуманитарни пакети кои им беа предадени на претставниците од општинскиот Црвен крст.


Како што претходно информираа од Црвен крст подготвените пакети до социјално загрозените семејства во Охрид ќе бидат дистрибуирани во првата половина од месец ноември.


OhridNews