Dime.sv.Evod.jpg

 Министер за труд и социјална политика Диме Спасов:

„Една од програмите која ја реализира Владата на Република Македонија преку Министерството за труд и социјална политика, а е во насока на подобрување на социјалниот статус на корисниците на социјална парична помош е програмата „Условен паричен надоместок,, којашто е наменет за ученици коишто се на средношколска возраст и се членови на домаќинства кои користат социјална парична помош.

Целта на оваа програма е инвестирање во младите генерации, при што ќе придонесе кон подобрување на условите за напредок и развој на секое дете, како и намалување на предизвиците со кои се соочуваат . Програмата обезбедува дополнителни парични средства кои на учениците од најсиромашните домаќинства ќе им помогнат редовно да одат на училиште, со што ќе се осигура дека овие деца ќе го завршат средното образование и следствено ќе имаат подобра позиција за вкучување на пазарот на труд.

Програмата за Условен паричен надометок започна да се спроведува од почетокот на учебната 2010/2011 година, односно ова е веќе четврта година по ред како истатата се имплементира.

За оваа учебна година очекуваме околу 10.000 ученици да го оставратова право при што за реализација на оваа мерка предвидени се 120 милиони денари.

Вкупниот износ на Условениот паричен надоместок за секој примател
е 12 000 денари на годишно ниво ,при што предвидено да се исплаќа преку четири исплати во текот на годината. Секоја од овие 4 исплати е условена со редовност во училиште која мора да биде најмалку 85% од бројот на реализирани часови за секое училишно тримесечје засебно.


Доколку ученикот го нема остварено овој услов во едно тримесечје, за истото нема да биде исплатен независно колку бил редовен во училиште во останатите тримесечја.

За да се аплицира за Условен паричен надоместок потребно е во меснонадлежниот центар за социјална работа да се поднесе барање и кон барањето да се приложи потврда за редовен ученик од училиштето каде што учи ученикот..
Со цел корисникот на условен паричен надометок да има можност да ги добие сите четири исплати кои се предвидени за една учебна година, барањето мора да го поднесе во меснонаделжниот центар за социјална работа најдоцна до 30-ти
Септември. Доколку апликантот поднесе барање по овој датум ќе има можност да се вклучи во програмата од наредното училишно тримесечје по тримесечјето во кое го поднел барањето. Краен рок за поднесување на барања за условен паричен надометок за едно лице да може воопшто да се вклучи во програмата за тековната учебна година е 31-ви Март, но во тој случај корисникот ќе може да добие само една од предвидените четири исплати.

 Dime.sv.Evod.jpg

Важно е да се напомене дека барањето за остварување на правото на Условен паричен надометок се поднесува на почетокот на секоја учебна година и дека решението за остварување на правото има важност од една година.
Бидејќи од особено значење е средствата коишто се исплаќаат за оваа програма да се искористат за предвидената намена, односно да ги надоместат трошоците за школување на учениците, во текот на првите три години од спроведувањето на програмата, условениот паричен надометок се исплаќаше по четири различни модалитети на исплата со цел да се оцени кој од модалитетите дава најдобар резултат во насока на правилна распределба на средствата.
Оценката на влијанието на програмата која ја правеа реномирани светски експерти покажа дека просечната редовност на часовите на учениците чии семејства се приматели на условен паричен надоместок е над 94% проценти од часовите во текот на учебната година и исто така покажа дека најдобри резултати се постигнати во оние Општини во кои мајката била примател на Условениот паричен надоместок и каде надоместокот се исплаќал во 4 исплати од по 3000 денари. Од почетокот на оваа учебна година ова ќе биде единствениот модалитет по кој ќе се врши исплата на Условениот паричен надоместок. Ги повикувам уште еднаш во име на нивните деца, родителите корисници на социјална парична помош до крајот на месецов да поднесат барање за користење на правото на Условен паричен надометок за да можат да ги искористат сите четирии исплати и на овој начин да си помогнат и себеси и на нивните деца!“


  Друго:
  •  http://www.mtsp.gov.mk/default-mk.asp