Изложбата е резултат на духовната и на културната рехабилитација, а секој експонат е рачно навезан од девојките од малцинството Чианг во регионот Венчуан.

„Ова уникатно творештво е многу блиско до нашето народно творештво со корења кои лежат длабоко во историјата и кои во себе вградуваат траги и наслојувања од разни изминати епохи и култури. Формирањето на везбеното творештво во една посебна народна уметност, секако, најмногу се должи на колективните уметнички потенцијали на средината во која се создавало. А во тој поглед и македонскиот, и прекрасниот вез кој потекнува од малцинството Чианг јасно сведочат за творечката уникатност и извонредност на неговите создавачи“, рече на отворањето на изложбата претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

020_Kina_-Ciang-640

„Односите меѓу Македонија и Кина, како две пријателски држави, потенцира Вељаноски, се движат во незапирлива нагорна линија при што ги карактеризира атмосфера на меѓусебно почитување и постојана желба за унапредување на соработката во сите можни области“.

„Една кинеска поговорка вели дека секое време си има свои јунаци. Јас слободно можам да кажам дека времето на Кина на светската економска сцена, рамо до рамо со останатите светски колоси, е дојдено. Чекорите од седум милји кои кинеската економија веќе подолго време ги прави на глобалната сцена ја направија сериозен фактор и партнер во креирањето на глобалните текови во светот. Овие импресивни развојни резулатати ги прават нашето пријателство и соработка уште понеопходни и подобредојдени“, истакна претседателот на Собранието.

011_Kina_-Ciang640

07_Kina_-Ciang-300
Градоначалникот на Венчуан, Ванг На, истакна дека пријателството меѓу Македонија и Кина се покажало со помошта што, како што рече, љубезниот македонски народ му ја дал на кинескиот во справувањето со катастрофалниот земјотес.

„Се повеќе кинески туристи доаѓаат во Македонија, каде што не само што уживаат во културниот гламур и прекрасните пејзажи, туку го зголемуваат и разбирањето и пријателството меѓу нашите две земји“, рече таа и додаде дека Чианг е една од најстарите националности во Кина, а везовите Чианг се главна одлика на културата Чианг.

„Везовите се скромни и едноставни, но богати во културна конотација, тие се везени бод по бод од везилките и истовремено се важен носител за разбирање на културата на Чианг“, рече На.

На отворањето на изложбата присуствуваа и кинескиот амбасадор во Република Македонија Цуи Џивеи, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, собраниските потпретседатели Јани Макрадули и Светлана Јакимовска и претседателката на парламентарната група за соработка со Народна Република Кина Силвана Бонева.

021_Kina_-Ciang-640

Извор: Министерсвоза култура на Р. Македонија