РЕКОРД ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

4000 хористи во еден глас

Повеќе од 4000 руски хористи настапија заедно во Санкт Петербург, со цел да постигнат рекорд во големина на хор. Тие во еден глас пееја во катедрала Св. Исак во овој град, а илјадници луѓе од сите возрасти се собраа за да слушнат како изгледа кога пеат заедно дури 4 335 пејачи. Во хорот учествуваа членови на речиси сите професионални и аматерски хорови во градот, од сите возрасти.
Хорот се претстави со 14 песни, меѓу кои беа изведени и омилени руски и советски патриотски песни.

27.05.2013