Марш против генетски модифицирана храна
Автор: Калина С. АндоноваОбјавено на: 23-05-2013 22:28
В сабота, на 25-ти мај 2013 година, активисти од целиот свет ќе одат во заеднички марш против мултинационалната корпорација "Monsanto", водечки производител на генетски модифицирани (GMO) семиња и пестициди. Во стотици градови во 36 земји, демонстрантите ќе бараат да се привлече вниманието на јавноста против оваа американска корпорација, која има стекнато репутација на "најопасна корпорација на планетата." Скопје е еден од 286 градови во светот во кои ќе се одржи ваков марш.

Причини за протест
"Monsanto" е компанија основана 1901-та во Сент Луис (САД) и нејзин основач е John Francis Queeny. Компанијата името го добила по презимето на неговата сопруга. Денес, "Monsanto" има 18 000 вработени и годишен обрт во милијарди долари. Глобалниот револт против "Монсанто" е поради огромната продажба на ГМО-семиња, иако постојат сомневања во однос на безбедноста за човековото здравје, но и за човековата околина, бидејќи од ваквите растенија страдаат и животните, но и другите околни растенија. И покрај тоа, компанијата и понатаму продава огромни количини од овие опасни семиња. Многумина земјоделци и други се жалат и ги тужат, но со ретки исклучоци работата завршува дотука. Едни од ретките беа пет милиони бразилски земјоделци, кои минатата година, поднеле тужба против "Монсанто", барајќи 6 200 000 000 евра за отштета. Бразилскиот првостепен суд пресудил во корист на тужителите, доделувајќи им две милијарди евра отштета. Сепак, спорот сè уште е во тек, бидејќи "Монсанто" има поднесено жалба против оваа пресуда.

FDU и Обама го штитат Монсанто?!
Во Соединетите Американски Држави, "Монсанто" ужива наклонетост на FDU, Државната агенција за храна и Лекарската администрација, кои соодветно ги одобруваат барањата за продажба на нивните семиња и пестициди. За жал, неодамна и Конгресот на САД и претседателот Барак Обама одобрија закон со кој, меѓу другото, ги спречува судовите да ја забрануваат продажбата на генетски модифицирани семиња. Во САД, овој закон е наречен "Законот за заштита на Монсанто".

Ризици од ГМО
Истражувањата покажале дека генетски модифицираната храна не е безопасна. Таа има потенцијал да предизвика сериозни здравствени проблеми, како што се малигни тумори, неплодност, имунолошки болести, алергии и дефекти на новороденчиња. Американската академија за животна средина и медицина (AAEM) ги повикува лекарите да им објаснуваат на своите пациенти, медицинскиот персонал и на јавноста да ја избегнуваат ГМ-храната секогаш кога е можно,
потенцирајќи дека генетски модифицираните семиња и храна се опасни за здравјето, но и за животната околина. На пример, научниците откриле дека една од причините за смрт на дел од светската популација на пчели се токму овие семиња и растенијата од нив.
Д-р Питер Линд од Салем, Орегон, за "Вашингтон тајмс" вели дека некои видови алергиски болести се предизвикани од ГМО-храна. Во две одвоени студии, истражувачите докажале дека генетски модифицираната пченка може да предизвика страшна алергиска реакција. Истражувањата исто така покажале дека генетски модифицираните компири со гени од бакалар предизвикуваат алергиски реакции. Со десетгодишно проучување на генетски модифициран грашок утврдено е дека тој предизвикува алергиска реакција во белите дробови на глувците. Британските истражувачи во 1999. покажале дека во период од 12 месеци стапката на алергиски реакции од соја во Велика Британија се зголемила за 50 отсто.

Во одбрана на идните генерации
Tami Monroe Canal, главниот организатор и основач на фејсбук-страницата посветена на маршот против Монсанто изјави дека протестот е инициран за да се заштитат нејзините две ќерки и идните генераци во целиот свет.
"Монсанто причинува штета на здравјето, плодноста и долговечноста на младите генерации. Не можев да седам мирно и да чекам некој друг да направи нешто".
Член на организацискиот комитет, Robert Gogos, зборувајќи за важноста на протестите во јужниот дел на Европа и поврзаноста на ГМО со мерките за штедење и кризата вели:
"Монсанто се труди да ги сруши прописите на ЕУ, кои обврзуваат на задолжително етикетирање на производите со ознака дека храната е генетски модифицирана. Стравуваме дека на крајот ќе ја оствари својата цел."
Организаторите на протестите праќаат пораки до потрошувачите во целиот свет да не купуваат ГМО бесплатни производи и да ги бојкотираат "Монсанто" и сродните производители, кои ги користат ГМО-состојките. Противниците на ГМО се залагаат за граѓански притисок врз законодавците да ги принудат производителите на генетски модифицирана храна да ставаат ГМО-етикети на своите производи за да можат потрошувачите тоа да го видат. Тие исто така советуваат граѓаните да инсистираат на дополнителни научни истражувања за здравствените ефекти на ГМО-храната, а политичарите кои им помагаат на производителите на ГМО-храна да бидат откриени, отстранети од власта на избори и да бидат повикани на граѓанска и кривична одговорност.
Придружете се на протестот на 25-ти мај во Скопје и кажете НЕ на Монсанто и на семето на уништување. Протестот во Македонија го органисира GMO Free Macedonia – MAM, а ќе се одржи на 25-ти мај со почеток во 11 часот на влезот на Старата Чаршија кај стоковната куќа Мост.

 

 http://www.emiter.com.mk/poveke_web.php?napis_id=276