Fondacija.Trifun.jpg

 

Обраќање на г. Трифун Костовски по повод 15 години од формирање на Фондацијата “Tрифун Костовски” во Македонската Академија на науките и уметностите
Fondacija.Trifun.jpg

Почитувани академици,
Драги пријатели,

Ми претставува особено задоволство што денеска одбележуваме своевиеден јубилеј од 15 години од опстојувањето на фондацијата, која беше формирана со цел да ги поддржи активностите на Македонската академија на науките и уметностите. И после 15 години верувам дека овој мој скромен придонес има значење кое се потврдува во бројните досегашни проекти, уметнички дела, монографии и студии.

Fondacija.Trifun.jpg

После една и пол деценија, со право може да се пофалиме дека создаваме ризница од дела, кои ќе претставуваат белег на едно време и наш влог за иднината. Верувам дека и понатаму Фондацијата ќе ја продолжи својата мисија и ќе овозможи реализација на други активности во рамки на Академијата. Особено ме радува фактот што моето потомство ја продолжува оваа благородна мисија, и е уверено да продолжи со нејзината натамошна работа.

Во однос на општите тенденции, морам да констатирам дека за жал, последниве години Република Македонија со тешки напори се справува со економската криза и со проблеми во демократскиот развој, а факт е дека политиката длабоко навлезе во сферата на науката и уметноста, што значи во областа на слободата на изразувањето и креативноста.

Покрај тоа, се уште се судираме со многу неизвесности во однос на евроатланските интеграции на земјата, а тоа е голем ограничувачки фактор за нашата цел, а пред се за општествената улога на МАНУ. Без евроинтеграциите, без отвореноста кон надвор,  ќе нема слободен проток на идеи, нови научни сознанија и подигнување на општото ниво на образование и култура во земјата, вклучувајќи ја и политичката култура.

Токму поради сето тоа, во оваа прилика би сакал да нагласам дека сум свесен дека нема простор за квалитетни општествени промени без квалитет во науката и уметноста. Тоа е услов, но и репер за мерење на демократијата и благосостојбата во едно општество. Затоа сметам дека секој од нас, во рамки на своите можности и афинитети треба да демонстрира општествена одговорност во насока на нивно поголемо вреднување и афирмација.

На крај, би сакал да упатам посебна благодарност до сите членови на Одборот на Фондацијата, а посебно на академик Томе Серафимовски, кој беше и е двигател на идејата, за посветеноста и резултатите што ги постигнаа во изминативе 15 години.

Ви благодарам на вниманието.

Трифун Костовски                     Скопје, 15 мај 2013

 Fondacija.Trifun.jpg

 Fondacija.Trifun.jpg

 Fondacija.Trifun.jpg

  Fondacija.Trifun.jpg

 Fondacija.Trifun.jpg

  Fondacija.Trifun.jpg

  Fondacija.Trifun.jpg

  Fondacija.Trifun.jpg

  Fondacija.Trifun.jpg

Preminportal (к.т.)

Скопје, 15.05.2013 - МАНУ