Скопје, 31 јануари (МИА) - Околу два милиона садници или по една за секој жител на Македонија ќе бидат засадени на 12 март во големата акција за пошумување „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“.

Акцијата е граѓанска иницијатива, предводена од оперскиот пејач Борис Трајанов, поддржана од Владата, невладини организации, „Македонски шуми“, ЗЕЛС, образовни институции и граѓани.

- Планот е да се засадат два милиона садници со цел да се подигне јавната свест за екологијата. Со акцијата ќе бидат опфатени локации кои беа зафатени од ланските пожари. Целта на акцијата е да се обединат луѓето, а со тоа позитивно да се влијае како на локално, така и на глобално ниво, рече Трајанов.

Владимир Мандичевски, член на Иницијативниот одбор на акцијата, истакна дека засадувањето ќе се одвива само на 12 март. Тој посочи дека не постои ниту една земја во светот каде што во еден ден се засадиле онолку садници колку што има жители во таа држава.

- Како вовед на големата акција досега е извршено пошумување на локации во Катлановско, Битолско и во Малешевијата, истакна Мандичевски.

Авторот на проектот, Томе Костадиновски, информира дека во соработка со „Македонски шуми“ се подготвени околу 30 локации опожарени во ланските пожари. На овие локации ќе бидат насадени садниците, а една од целите е и да се придонесе кон намалување на емисијата на стакленичките гасови и на тој начин Македонија да се приклучи во борбата против климатските промени.

Акцијата треба да опфати локации во Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Неготино, Струмица, Демир Кпаија, Кичево, Струга, Охрид, Ресен, Штип, Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Куманово.

Во катастофалните пожари што минатото лето ја зафатија Македонија изгореа 35 илјади хектари шума.ли/са/13:45

 

Во Прилеп продолжи кампањата “ Ден на дрвото“ Преку засадување садници во Гинис 
 
Оперскиот пејач Борис Трајанов бакнувајќи дрво вчера во прилепската гимназија засади двро со тоа продолжувајќи ја кампањата“ Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, во која на 12 март ќе се засадат две милиони садници низ опожарените површини низ земјава. Трајанов рече дека Македонија мора да постави Гинисов рекорд за засадување на садници според бројот на населението. Воедно тој ги повика учениците да им покажат на возрасните како треба да се чува околината.
Енергијата што ја имаат младите ќе излезе на површина со озеленувањето на земјата и ќе демантирантираат дека преокупација им е дрогата и забавата. Кампањата ќе има натпреварувачки карактер. Во Битола рекоа дека со водачот Каролина Гочева ќе биделе први, но во Прилеп ќе бидам јас командант, бидејќи има прилепско потекло. Битолчани ке бидат први, само после Прилеп, оти ќе засадуваме само листопадни дрвца да не се боцкаме, ние, прилепчаните кога ќе шетаме по гранките најави Трајанов. Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески изјави дека кампањата има посебна важност во прилепско. Лани изгореа многу хектари шуми и од секирите на дрвокрадците паднаа илјадници кубни метри дрвја. Сега имаме шанса да посадиме нови садници и да ја озелениме нашата средина рече Ристески. Вчера беше обелоденето дека кампањата в година ќе добие балканска димензија.
И хрватската интерпретаторка Антонија Шола најави дека идната година ќе организира засадување дрвца во Хрватска, со што озеленувањето на нашата околина постепено ќе добива балкански размери - рече Трајанов.
Кампањата наредните денови продолжува и во другите градови.
Ка.М.

{moshits}