Новинари, 2013-та
Ако во 2009-та во светот за новинарите беше важно да почнат да користат Твитер, во 2010-та да си изградат сопствен бренд онлајн, во 2012-та да сфатат дека бројките/податоците не се само за гикови, тогаш во 2013-та мора да знаат да ги пренесуваат сториите дури тие се одвиваат и да прават приказни погодни за читање на мобилни уреди.

технологија
Мобилен, 150 пати на ден
 
Таблет хотелска соба
 
Повеќе мобилни отколку луѓе
 
Холокауст холограми
 
Самсунг - Епл 2:1
 1. Сè е во вештините, вештините и вештините
За жал, или за среќа, зависи кој како гледа на тоа, веќе не е доволно човек да знае да пишува и да известува на традиционален начин, туку мора да биде сестран - да знае да сними видео, аудио, да ги препрати и да знае да анализира статистички податоци, смета Арон Пилхопер, уредник на интерактивните вести на Њујорк тајмс. Стив Херман, уредник на BBC News online, се согласува со процената и додава дека од новинарите се бара да знаат да користат социјални мрежи и да препознаваат важност на мултимедијални елементи во сториите.

2. На уредниците им требаат новинари кои анализираат податоци
Нил Мекинтош, заменик уредник на Wall Street Journal Europе на новинарски собир има кажано дека аналитичкото новинарство е како секс на факултет - сите зборуваат за тоа, малку кој го прави тоа,  а уште помалку луѓе се добри во тоа. Според експертите што ги консултирале од Journalism.co.uk, 2013-та ќе биде година кога навистина ќе дојдат до израз сториите произлезени од анализа на податоци.

„Многумина мислат дека суштината е во бројките, но всушност се работи за најдобар начин за пронаоѓање приказна,“ посочила Алисон Гоу, уредничка на Daily Post.

3. Важен е тонот
Многу е важен тонот при обраќање кон изворите на информации. Марк Литл, основач на агенцијата Storyful, смета дека новинарите мора да се навикнат да учествуваат во конверзација со корисниците на социјалните мрежи и да избегнуваат самобендисан тон на експерти. Луѓето не ги интересира вашата титула и не може едноставно да им се рече да испратат фотографии таму и таму, туку потребно е да се разговара и да се внимава со своето обраќање да не се нанесе штета на репутацијата на медиумот кој го претставува новинарот.

4. Известување, во живо, онлјан
Известувањето во живо стана доста популарно во 2012-та. Од Твитовите до блоговите, новинарите мора да знаат да ја пренесуваат приказната додека таа се одвива/развива.

5. Новинарите се менаџери на информацијата
„Новинарите веќе не се луѓе кои имаат драгоцени информации и ги сервираат на пасивна јавност, туку се на некој начин менаџери на мноштвото информации,“ смета Марк Литл. Новинарите може да ги собираат, избираат и да ги верификуваат вестите со додавање твитови и видео клипови од местото на настанот.

6. „Продлабочувањето“ е важно
На прашање за тоа што може да се очекува од New York Times во 2013-та, уредникот Арон Пилхофер изјавил дека неговата медиумска куќа ќе се фокусира на „подлабока комуникација со заедницата“. Пример за добра комуникација се смета и тоа што е воведен Твитер хаштагот #asknyt, преку кој читателите можат од New York Times да бараат проверка на одредени информации од медиумите.

7. Ќе излезе на виделина ако нешто не е точно
Во време на распространетост на социјалните медиуми, сите содржини објавени на интернет подлежат на проверка и критика. Постојат многу примери кога новинарите и експертите се покажале  како детектори за лаги, но истото важи и во спротивна насока, а новинарите треба да си објават корекции.

8. Корисничкото искуство е битно
Рају Нарисети, уредник на WSJ Digital Network, смета дека медиумите мораат својот фокус да го поместат од креирање на содржина за читателот, кон креирање на комплетно искуство со користење на содржината, посебно за „дигиталната“ публика.

9. Онлајн журнализам за мобилни уреди на прво место
Посетите од мобилни уреди нонстоп растат. Според процените од сообраќајот на Гардијан, во одреден период од денот повеќе посети има од мобилни уреди, а повеќе од третина од посетите на сајтот на New York Times се од мобилни телефони и таблет компјутери. Со оглед на тоа дека при креирање на приказните новинарите често на ум го имаат изгледот на стандардниот компјутерски екран, Мартин Белам, експерт за дигитален дизајн, за креирањето содржини за дигитална платформа советува: читателот пред уредникот, софтверот пред содржината, мобилното пред десктопот.

10. Неопходно е да се прифатат промени
„Без разлика дали се работи за алатките кои ги користиме, или начинот на кој јавноста доаѓа до информациите, промени се случуваат постојано и тоа мора да го прифатите, или нема да успеете“ им советува Стив Херман на новинарите за 2013-та.

Кого го интересира еве и совети од 2009-та, 2010-та и 2012-та

Извор: он.нет.мк