Експертот за зависности Џон Онил тврди дека зависноста од технологија е подеднакво опасна како и зависноста од алкохол и дрога.

Онил, директор на одделот за зависности на клиника во Хјустон тврди дека зависноста од технологија може негативно да влијае врз приватните и деловната односи. Кај своите пациенти забележал зависност од мобилни, интернет и електронска пошта.

„Луѓето зависни од технологија имаат доста допирни точки, кога станува збор за нивното однесување, со луѓето кои се зависни од дрога и алкохол. Тие луѓе едноставно не можат да ги остават своите мали уреди па дури и ако е загрозено и нивното здравје“, вели Онил.

Тврдењето на Онил, го поткрепуваат и многу психолози кои сметаат дека зависноста од технологија, може да го загрози социјалниот и деловниот живот подеднакво како и алкохолизмот и зависноста од дрога.

Во Редмонд е формирана институција The Internet/Computer Addiction Service која се занимава со лечење на зависност од технологија, и во чиј годишен извештај стои дека шест до 10 отсто од сите корисници во САД се зависни од технологија.

Први загрижувачки знаци кои покажуваат дека лицето нема здрав однос кон технологијата, наведува Онил е токму претераното користење на смс пораките, четот, електронската пошта, постојано седење пред компјутер, избегнување на родителите и пријателите. Некои од загрижувачките знаци кај потенцијалните зависници е неспособноста да се излезе од дома без мобилен, постојано проверување на електронска пошта и постојано користење на интернет.
 

Извор: ИДИВИДИ 

Посети:{moshits}