НОВА ПЛАТФОРМА ЗА ЗАШТИТА НА KУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

„Викилут“ против шверцерите на културни богатства

Новиот експеримент ќе функционира по принципот на „Википедија“ и на „Викиликс“

Илјадници необјавени фотографии и документи за украдено културно наследство и уметнички дела ќе бидат објавувани на „Викилут“, кој ќе биде отворен на интернет, јави британскиот весник „Гардијан“. Новиот експеримент, кој треба да помогне да се пронајдат некои од најстарите светски богатства, ќе функционира по принципот на „Википедија“ и „Викиликс“. Активистите велат дека тоа ќе им помогне во борбата против бескруполозните дилери со бизнисот вреден околу 10 милијарди долари годишно.

Идејата е на Американецот Џејсон Фелч, коавтор на акцијата „Во потрага по Афродита“, во која беше разоткриен шверцот на статуата на Афродита висока 2,3 метра, која расклопена на три дела, во камионче за зеленчук била изнесена од Италија. Денес е безбедно вратена на Сицилија. Флеч планира да набавува и постира едно чудо необјавени материјали, запленети од дилерите за време на полициските рации, депонирани за судските процеси.

- С` е свежо. Истражувачите ќе може да ги искористат. Се надеваме дека јавноста ќе ги употреби за да дознае повеќе за тоа што е изложено во нивните музеи - вели Фелч.

При конструкцијата на веб-страницата, биле користени совети од експерти за отворени извори на податоци, од адвокати за правните елементи, од експерти за социјални медиуми за тоа како да се инволвира јавноста.

- Ни требаат и неколку стотици илјади долари - додал Фелч.

Деновиве тој се обидува да обезбеди грантови, зборува на универзитети. Во текот на месецов го промовира концептот на годишната конференција на Асоцијацијата за истражувања на криминалот во уметноста во Италија. Платформата во почетокот ќе се занимава со таа земја и и со Грција, потоа ќе биде дополнета со материјали од цел свет.

- Југоисточна Азија, Блискиот Исток, Авганистан, Ирак, има огромен материјал кој доаѓа од овие земји - вели Фелч.

Инспекторот Паоло Фери, од италијанското Министерство за култура, вели дека секој обид да се следат предметите е добредојден. Сепак, тој е претпазлив за концептот „отворен извор“ бидејќи смета дека објавувањето на фотографии од украдените артефакти може да ги поттикне колекционерите уште подобро да ги скријат.

- Може да работат и понапорно за да го камуфлираат потеклото на нивните парчиња, дури и да имаат пристап до архивите и да манипулираат со нив. Зошто да нема лозинка за да се држат шверцерите настрана - прашува Фери.

Фелч, пак, инсистира, дека е веќе време за отворена игра.

- Полицијата има тенденција да ги држи картите затворени за да играат една по една карта, но имаа 20 години да го прават тоа - вели Фелч.

Kампањите против борба со археолошките томбрајдери забележаа голем успех, откако музејот „Гети“ во Лос Анџелес се согласи да врати 40 вредни артефакти откако се докажа дека се ограбени од археолошки локалитети во Италијa. (В.И.И.)

Актерот Стивен Фрај ќе ги враќа мермерите од Партенон

Велика Британија да ~ ги врати мермерите од Партенон на Грција е целта на најновата кампања на познатиот британски актер Стивен Фрај, за која добил поддршка од поранешни и сегашни пратеници од левицата, од лабуристите и од либерални интелектуалци, во кои спаѓа и тој.

- Враќањето на „Елгиновите мермери“ на Грција, кои речиси 200 години се чуваат во Британски музеј во Лондон, би претставувал цивилизациски гест кон Грција и античката култура - смета Фрај.

Од присутните на дебатата, вкупно 384 гласале за, а 125 биле против идејата.

Извор: Дневник