Реставриран храмот "Сите Светии"


Стручните екипи на Музејот во Охрид ја завршија конзервацијата и реставрацијата на црквата "Сите Светии" во манастирскиот комплекс во село Лешани, област Долна Дебарца, Охридско. Проектот, финансиран од Министерството за култура на РМ, опфати заштитно-конзерваторски работи на архитектурата на црквата заради намалување на негативните влијанија на влагата во и околу објектот, како и санација на археолошките ѕидови. Извршена е и конзервација на фрескоживописот по кој е препознатлива оваа црква, а кој поради интензивната влага во изминатиот период беше доведен во сериозна опасност.

Црквата Сите Светии" е изградена во 15. век и претставува мала еднокорабна градба ѕидана од кршен камен и бигор.


Извор: ВЕЧЕР