Завршија годинешните активности за конзервација на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Заумска
Завршија годинешните активности за конзервација и реставрација на фрескоживописот од најстарата зачувана црква од 14 век, Св. Богородица Заумска во селото Трпејца, Охридско.

Конзерваторските зафати за санација на овој извонредно значаен фрескоживопис кој е дел од проектот на Министерството за култура, а во рамките на Програмата за заштита на културното наследство, продолжуваат во 2014 година.


Пред неколку години на црквата која претставува едно од најзначајните поединечно заштитени споменички добра на територијата на РМ и пошироко беа преземени интервенции за конзервација на кровот и кровната конструкција, а по извршените анализи на стручните екипи на охридскиот завод и музеј се пристапи кон конзервација на нејзиниот фрескоживопис со оглед на присуството на влаги соли, особено во деловите под куполата.


Овој извонредно значаен споменик на културата, црквата „Св. Богородица Заумска", се наоѓа на источниот брег од Охридското езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие. Најновите истражувања покажуваат дека потекнува од тринаести век. /крај/со/ст