markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

Скопје, 26 април 2010 (МИА) - Во Кинотеката на Македонија денеска беше отворена изложба на трите труда пристигнати на Конкурсот за идејно архитектонско-урбанистичко  решение за санација и реконструкција на Хавзи-пашините конаци во скопско Бардовци, каде што ќе биде сместено аудивизуелното наследство на Македонија.

markov.sv.Zlata1.jpg

Репрезентативниот објект од профаната османлиска архитектура изграден во 18 век, ќе добие нов лик и современи стандарди за чување и заштита на филмовите со кои располага Кинотеката на Македонија. Ќе се реконструира според трудот на „Македонија проект“ а.д. Скопје избран едногласно од Комисијата, предводена од Трајко Димитров.  Автор и главен проектант на првонаграденото решение е архитект Љубиша Ѓорѓевиќ, а соработници се Цветан Стојков и Ива Павловиќ.

- Се работи за санација, реконструкција и реставрација на постојните објекти, со реизградба на оние кои веќе не постојат, како и додавање на нови објекти со нови намени за други групи корисници. Проектот во својот најголем опус генерално  ги следи тенденциите на постоечките објекти кои потекнуваат од турскиот период, со голем степен на мистичност, но во исто време и со голем степен на едноставност, што во својата внатрешност ги инкорпорира потребите  на Кинотеката на Македонија, изјави архитект Ива Павловиќ.

Во стариот објект ќе бидат внесени киносали, музеи, спомен-дом на Хавзи-паша, градителот на комплексот, а во поранешната кујна во градбата ќе биде реконструирана сценографијата од кафеаната во филмот „Солунските атентатори“. Ќе има и детски игралишта и додатни намени...

Следната фаза е изработка на основен и изведбен проект која треба да заврши за една година. Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ рече дека со реконструкцијата на тој споменик на културата во близина на Скопје ќе се добие објект од исклучителна важност, а Кинотеката на Македонија ќе биде најдобра на Балканот и меѓу најрепрезентативните во Европа.

- Обновата и ревитализацијата на конаците на Хавзи-паша е најзначајна државна инвестиција во областа на аудиовизуелната дејност, со која Кинотеката на Македонија ќе добие депоа по сите стандарди, што подрзбира и опременост со сите технички помагала, истакна Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на Кинотеката.

Прворангираниот труд е награден со 450.000 денари. Покрај него,  презентирани се и двата труда кои добија откупни награди од 40.000 денари. хс/дма/15:15

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg