21 февруари 2012

Вјесник - Загреб

Децата кои имаат добар, емоционално топол однос со родителите, кои имаат поддршка и здрави социјални односи со врсниците поретко се жртви и чинители на каков било  облик на насилство меѓу врсниците


Иако без физички контакт, интернетското насилство над децата за последица има непоправлива штета. Како последица од злоставувањето во виртуелниот свет, на кое ширум врата отвараат и разни опшествени мрежи, се јавуваат потиштеност, тага, гнев, затворање во себе, изолирање од социјални ситуации, а во екстремни случаи и самоубиства. Иако возрасните се поопасни, интернетски злоставувачи можат да бидат и деца. За тоа последните месеци сведочеа неколку примери на злоставување меѓу врсници, кога на тие деца системот не можеше (или не сакаше) да помогне. На крајот жртвите мораа да се селат во друго училиште или средина, додека докажаните злоставувачи мирно и без никакви санкции продолжуваа во средините во кои живеат. Затоа политичарите, кои најавуваат воведување на уште повеќе информатика во училиштата, треба да размислат и за едуцирање на децата за овој проблем.     

Голема одговорност лежи на родителите кои мораат да најдат начин да го заштитат своето дете, но и да спречат да го злоставуваат други деца. Само 2,5 отсто деца се поврзуваат на интернет со контрола на родителите, додека дури 36 отсто родители воопшто не ги интересира што прави нивното дете. Тоа сосема сигурно е последица на забрзаното животно темпо, но и од многу социјални и општествени околности кои доведуваат до тоа многу деца поголемиот дел од денот да бидат препуштени сами на себе. Едно од последните истражувања покажа дека вработените родители со децата поминуваат 4,7 часа во работна недела.  

Меѓутоа, да се заштити детето од насилство на интернет не е невозможно. Експертите на прво место ја ставаат добрата и отворена комуникација, взаемното почитување, грижата и заинтересираноста за интересите на детето, потребите и активностите. Децата кои имаат добар, емоционално топол однос со родителите, кои имаат поддршка и здрави социјални односи со врсниците се поретки жртви на кој било  облик на насилство меѓу врсниците, па и преку интернет. Ако на такви деца се случи да бидат жртви на облик на насилство на мрежите, поголема веројатност е дека ќе се доверат на родителите и ќе побараат помош. вз/11:16