логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Катедрата за славистика на универзитетот во Салцбург има долга традиција. Позната е и по добрите врски со бугарските слависти. Само неколку години по осамостојувањето на Македонија, во октомври 1995-та, таа катедра организираше меѓународен симпозиум на тема „Постои ли македонскиот јазик?”. На симпозиумот учествуваа врвни слависти од Германија, Австралија, Австрија, Грција и Бугарија. Од Бугарија беа присутни неколку професори, но и многу докторанти и студенти по славистика. Најгласни од бугарските учесници беа двајца слависти. Професорите Иван Дуриданов и Иван Кочев. Професорот Кочев беше со неговата ќерка. Можно е таа да е бугарската лингвистка чие име деновиве често се споменува во вестите во Македонија. Тогаш бев соработник на македонската редакција на Дојче Веле во Келн. Заминав на симпозиумот како известувач, а не како учесник. Редакцијата дозна за симпозиумиот во последен миг. Стигнав на вториот ден. Влегов во големиот амфитеатар кога веќе траеше претпладневната сесија. Во тој миг дискутираше грчкиот конзул од Виена. Тој ја изрази својата згрозеност од „пропагандата” на Скопје. Според таа пропаганда, во Грција имало „македонско словенско население”. Тоа било лага и типично за политиката на Скопје. Уште пострашно било што во Скопје се говорело дека имало луѓе кои биле протерани од Грција.

Отсутните научници

Секако, веднаш побарав збор. И се претставив. Професионално, но и биографски. „Ете, јас сум потомок на непостоечките протерани Македонци од Грција”, му се обратив на грчкиот конзул. И ја раскажав приказната за Граѓанската војна во Грција, за потеклото на семејствата на моите родители, за нивното бегство во таа војна преку границата во Југославија. Во паузата дознав дека не сум единствениот претставник на земјата, за чиј јазик се дискутираше. Таму беше и тогашниот македонски конзул во Виена, Вангел Пановски. И тој, како и јас, дојде на симпозиумот како гостин. Но мораше, како и јас, да ја игра улогата на “отсутните” македонски научници, филозофи и лингвисти. А зошто тие беа отсутни на конференцијата за македонскиот јазик? Затоа што тогашната македонска (патем, социјалдемократска) влада во последен момент им забрани да учествуваат на симпозиумот. Некои од нив биле спречени да отпатуваат дури на аеродромот. Само малкумина од „отсутните” македонски научници имаа испратено по факс протестно писмо, во кое опишаа зошто македонската влада не им дозволила да „стигнат” во Салцбург. За да не ја кажеле „вистината” за македонскиот јазик. А нивната „вистина” беше слична на таа на бугарските слависти. Во “отсутните и спречени” научници беа Димитар Димитров, Младен Србиновски, Миле Неделковски. Но и многу други познати лингвисти од скопскиот универзитет, како Људмил Спасов, Максим Каранфиловски. Многу од нив веќе ги имаа испратено своите реферати. Некои од тие реферати беа подоцна објавени во зборникот од симпозиумиот. Го паметам текстот на Димитар Димитров. Тој беше целосно во духот на прилозите на Иван Дуриданов и Иван Кочев.

Враќање на „старата азбука“?!

Првото барање на присутните до нас, единствените Македонци, беше:

„Ве молиме, проговорете на тој непостоечки јазик и кажете ни што сѐ може да се изрази на него.”

Тогаш јас и конзулот Пановски не само што проговоривме на тој „непостоечки” јазик, туку јас им објаснив дека на тој јазик студирав филозофија во Скопје, дека на тој јазик ја напишав мојата докторска дисертација за естетиката на Кант и Адорно, дека на тој јазик се напишани томови проза и поезија и се преведени многу дела од странски јазици. Бугарските и грчките лингвисти повторуваа дека тој јазик, како и македонската нација, се “измислени” од Србите и од Тито. Велеа дека „криминалот” го сторил Блаже Конески, кога ја сменил aзбуката и кога се одлучил за говорно подрачје што е најоддалечено од Бугарија само за да ги отуѓи Македонците од Бугарите, дека „правдата” ќе се оствари кога ќе се врати „старата азбука” во Македонија. Тоа особено енергично го бараа Иван Дуриданов и Иван Кочев. Во приватен разговор ми раскажаа колку копнеат по својата татковина. Едниот потекнуваше од Штип, другиот од Струга. Речиси сите останати слависти им се спротивставија. Многу бугарски слависти и докторанти во приватен разговор се сложија со мене. Најголемиот број од присутните го бранеа македонскиот јазик.

Дури и шефот на катедрата за бугарски јазик, професорот Ото Кронштајнер, му одговори на Дуриданов: “Ама, не може тоа така! Како сега да се смени азбуката? Па, Македонците се во друга држава. Сега нема враќање назад во историјата! Сега треба да им помогнете на Македонците да опстане таа држава.”

За Германците и Австријците

А тој истиот прочуен професор Кронштајнер, на почетокот на дискусијата ми дофрли:

“Вие сигурно знаете дека Македонците до 1945-та беа Бугари?”

“Да, знам! Како што знам дека имаше и еден Австриец, кој од 1933 до 1945-та веруваше дека Австријците се Германци”, му одговорив.

“Ах, чувај Боже”, извика тој, “тоа беше еднаш и нема да се повтори никогаш повеќе. Австријците и Германците имаат само заеднички јазик! Тие се две различни нации.”

“Па така е и со Македонците и Бугарите. Сега тие дури немаат ниту заеднички јазик”, реков јас.

Во тоа е суштината која не сакаат да ја согледаат „историските фанатици” во Бугарија. Чудно е што тие секогаш се најфанатични, кога имаат роднински и биографски врски со Македонија. Нивното историско паметење е небаре „конзервирано”. Тој феномен е познатата анатомија на „копнежот” по изгубеното. Тие само затоа, дури и кога се научници, забораваат дека јазикот е нешто што живее и се развива. Тој се преобразува низ животот, низ мислењето, низ чувствата, низ сензибилитетот и фантазиите на говорителите. Тој може да е истиот, според граматиката и азбуката, а сепак да се разликува. Тоа што еден Австриец мисли низ германскиот јазик, не е исто со тоа што мисли и чувствува еден Германец низ истиот јазик. Тие се разбираат, што е одлично за комуникацијата, но има нешта што се типични само за едниот од нив. Уште посложено е со чувството за германскиот јазик на еден Швајцарец.

Како може тоа што важи за другите европски јазици, да не важи и за македонскиот и бугарскиот јазик? И францускиот и германскиот имаат заеднички корени од времето на Карло Велики. Но никому нема да му падне на ум да рече дека едниот народ му “ја украл” историјата на другиот. Тоа се случува само на Балканот. Само бугарскиот јазик ли е вечен и непроменлив? Дури и некогаш македонскиот и бугарскиот јазик да биле идентични, што не е точно, тие се сега два различни јазика. Тие се различни, затоа што и нивните денешни говорителите се различни. Јазикот е натопен во боите на историјата, на животите, на духовните и културните искуства на една земја, држава и заедница. Во јазикот најсуптилно, но трајно се таложи сѐ што се случува низ историјата во мислите, во чувствата, во копнежите, во страдањата и радостите на неговите говорители. Бугарите, денешните Бугари, не се тие од времето на Гоце Делчев. Ниту денешните Македонци се тие од времето на Крсте Мисирков и Гоце Делчев. Ништо нема да му наштети на денешниот Бугарин ако во македонските учебници по историја Гоце Делчев е Македонец, а во бугарските Бугарин. Историските услови во кои тој тогаш живеел го дозволуваат тоа двојство. Тоа нема да му попречи ниту на споменот за него.

Нема лажни јазици

Учете од Французите и Германците, им препорачувам на тие што пишуваат договори за добрососедство во Македонија. За Французите Карло Велики е француски крал, за Германците тој е германски. И со право! Тоа ги поврзува двата народа во пријателство. А не бришењето на историските факти од учебниците на друга држава. Уште подрастично е барањето за флексибилност и толеранција кога се работи за јазикот. Не е „криминал” фактот на постоењето на македонскиот јазик. Напротив! Тој е доказ за богатството и историското творечко искуство на два јазика, кои се развивале понатаму. Зборовите, јазикот се седиментирано историско искуство, веруваше германскиот филозоф Теодор В. Адорно. Дури и тие два јазика некогаш да биле идентични, тие денес се неповратно разделени. Друг дух вее во секое денешно слово, и во бугарскиот и во македонскиот јазик. Токму тоа е извонредно сознание. Токму тоа е вистинското богатство. Затоа што говори за силен вруток, речено хајдегеровски, од кој обата јазика црпат постојано нова јазична сила. Тој вруток македонскиот јазик го дели со сите словенски јазици. Бугарскиот и македонскиот јазик можат да се поттикнуваат и надградуваат, како што е случајот со сите словенски јазици. Но, само тогаш, кога, со почит кон Словото, ќе се однесуваат со почит кон постоењето на секој од тие јазици. Секој јазик е ентитет и секој јазик има свој идентитет, свое лице и физиономија. Да се препознава во секој од нив неповторливото лице на народот што низ него говори, памети и твори, значи да се има почит и восхит за најкревката, но најмоќната и најживата духовна особина на човекот – говорот, писмото, јазикот. Нема враќање назад во историјата. Тој обид е секогаш катастрофален и се вика регресија. Нема лажни, нема „фалсификувани” јазици. Има само луѓе кои низ зборот, понекогаш, изговараат “идеолошки пароли”. И го навредуваат јазикот. И тој, на кој ги изговараат тие “пароли” или празни слова. “Зборо коски нема, ама коски крши”, велеше мојата мудра прабаба Софка Шарина од Бапчор. Затоа треба неколкупати да се одмери, пред да се изговори. Се надевам дека „советниците” на сегашната социјалдемократска македонска влада не се некои од „отсутните” научници на симпозиумот во Салцбург 1995-тата. Тоа би било трагично. Не само за македонскиот, туку и за бугарскиот народ.

Кица Колбе е писателка, сликарка и филозоф која долги години живее и работи во Германија. Автор е на повеќе книги и романи од кои најпознати се „Егејци“ и „Снег во Казабланка“ и добитник на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.

Преземено од Дојче Веле, редакција на македонски јазик

Фото: Приватна збирка сопственост на Кица Колбе

Преземено од:http://expres.mk/%D0%BA%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B1%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%82-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B2/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1268
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1595
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

22/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная