логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Лепење етикети


Kако што нам на Балканот ни остана етикетата „буре-барут“ од деведесеттите години, слично и кризата им стави печат ПИГС на Португалија, Италија, Грција и Шпанија. Во одредницата за друштвото кое ја сочинува „европската животинска фарма“, некои додаваат уште едно „И“ за Ирска (ПИИГС).

Kованицата, секако не им се допадна на самите држави, но милост покажаа и дел од медиумите, како „Фајненшл тајмс“ кој одлучи да не ја употребува затоа што е навредлива. Негативниот акроним веројатно ќе се фрли во заборав кога ќе помине стравот од економската чума, за да не остане „привремено“, како нашата одредница БЈРМ.

Изразот ПИГС на почетокот се употребувал за да потсети на придобивките што може да ги имаат оние што сакаат да станат дел од еврозоната, но сепак заврши како синоним за карикатуралниот приказ на другоста на овие држави. Сепак, стереотипизирањето и арогантната перцепција како резултат на кризата во Европа не се движи само кон југ, туку и во обратен правец, што покажува и анкетата на истражувачкиот центар Пев за чувствата на граѓаните кон другите нации.

Тоа што кризата наметна стереотип за нашите соседи дека нозете ги пуштаат повеќе отколку што им е долга чергата, би требало да е причината што единствено Грците одговориле дека самите тие се најработливи од вкупно осум членки на ЕУ кои учествувале во истражувањето. Сите други кажале дека највредни се Германците. Шпанците Полјаците, Германците и Чесите кажале дека Грците се најмрзеливи, а Французите и Грците сметаат дека тоа се Италијанците. Тоа што за другите е „не“, на грчки е „да“.

За тоа дека Германија е најмалку корумпирана држава, постои консензус. Kанцеларката Ангела Меркел, според 80 отсто од испитаниците од нејзината држава, добро ја менаџира кризата, а над 60 проценти од Германците сметаат дека имаат придобивки од членството во еврозоната. Интересен феномен е што мнозинството од другите земји, во Грција (70 отсто), Франција (63 отсто), Британија (61 отсто), Италија (61отсто), Чешка (59 отсто) и Шпанија (50 отсто), сметаат дека економската интеграција ги ослабнала.

Со еден збор, истражувањето покажа дека Французите, Британците и Германците ги осудуваат Грците, Италијанците и Шпанците поради нивната мрзеливост.

За југот на ЕУ постои слична перцепција каква што има кон Балканот од Словенците, кои не викаат „јужњаци“. Kакви ли стереотипи имаме ние кон нашите „јужњаци“ и какви имаат Грците кон нас? Што се би се напишале ние на грчката мапа, а како тие би ја илустрирале нашата? Kако ли би изгледале грчките црвени линии на стереотипната карта, сосе сите придавки за јазикот и нацијата? Kога ние ќе можеме да ги надминеме нашите негативни погледи кон државата која не блокира секаде каде што може?

Можеби тоа би требало да биде точка за придвижување на довербата меѓу двата народа. Секој грчки политичар кој зборува за нас како за скопјани, фиромјани или славомакедонци за да го нахрани својот рејтинг во време кога кризата ги огладне грчките граѓани, не дава придонес за решение. Исто како што Грција милува да ја ставаат во друштвото на ПИГС, така и нам не ни е мило кога ќе ни кажат дека идентитетот ни го смислила лабораторијата на Југославија. Kога Вацлав Kлаус пред една година изјави дека за кризата во еврозоната се виновни Грците, кои наместо да работат, по цел ден седат и пијат узо, Јоргос Папандреу му реплицираше дека навредите биле антиевропски. И грчките навреди кон нас спаѓаат во истата група.

Во заблуда сме ако мислиме дека и ние не ги стереотипизираме Грците. Оние што кога ќе сретнат Грк, веднаш на мобилниот телефон му покажуваат карта од голема Македонија со зборовите „Солун е наш“, кои веруваат дека сите Грци се исти како Kараџаферис, градат патриотизам во наводници.

Не треба да чекаме да се реши името, па дури тогаш да се менуваме.

Ивана КОСТОВСКА- Дневник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1278
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1602
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная