логоFacebookTwitterYouTubeeMail

kdol.jpg
Псалтите од Св. Ѓорѓи, по снимањето на албумот „Детето и Белото море“ со Мизар и пред почетокот на турнејата со нив, одвоија една вечер за пробно снимање во црквата во Криви Дол. Ова се резултатите за јавноста.

Во историјата на Православната Црква, Римското Царство одиграло многу голема улога во нејзиното формирање, после падот на незнабожечката религија во времето на царот Константин. После објавувањето на Христијанството за државна религија, од страна на Теодосиј, тоа ја добива својата најголема слобода и така останува сѐ до падот на Градот во 1453 година. Во тие времиња се одржале седумте Вселенски Собори – седумте столбови на нашата Црква, се исполнило и утврдило целото догматско учење на верата, црковната архитектура и уметност ја доживеала својата кулминација. Впрочем, сето она што ние денес го знаеме како Православно богослужение, наука и уметност, доаѓа токму од времето на Римското царство, како наследство.

Додека постоеше Царството, сите Христијани кои беа надвор од него, под иноверна власт, се надеваа во поткрепата на нивниот истоверен император и во неговата поддршка. Но, после падот на Царството, настапија тешки денови за Црквата: таа е повторно поробена. Нема слобода на исповедањето, нема слобода на градење велелепни храмови, се вршеше притисок врз верните. Христијаните од светот немаа повеќе парче слободна земја, каде би можеле слободно да живеат во мир, да знаат дека имаат своја држава. Нивното надворешно изразување на верата сега значеше повреда на туѓите религиозни чувства, сходно на тоа беше забрането.

Оваа песна е израз на таа голема жал. Иако нема такви силни зборови во нашиот јазик, кои би ја изразиле огромната болка, преводот е направен најдобро што може да ја долови нејзината смисла. Оваа песна е дело на Понтискиот народ, најнепокорниот од сите Ромејски народи.

Песна за крајот на Римското царство на понтиски дијалект:

{youtube}JsYRLX_7V-4|425|344|1{/youtube}

«Ναϊλί εμάς και βάι εμάς, οι Τούρκ την Πόλε πέραν!
Επέραν το βασιλοσκάμν’, ελλάεν η αφεντία!»
Μοιρολογούν τα εκκλησιάς, κλαίγνε τα μοναστήρε,
κι ο Γιάννες ο Χρυσόστομον κλαίει, δερνοκοπισκάται.
Μη κλαις, μη κλαις, Αϊ-Γιάννε μου, μη δερνοκοπισκάσαι.
Η Ρωμανία πέρασεν, η Ρωμανία πάρθεν.
Η Ρωμανία κι αν πέρασεν, ανθεί και φέρει κι άλλο.

Тешко нам, леле нам, Турците Градот го зедоа!
Го грабнаа тронот царски, господството го зедоа.
Тажат ко за мртов Црквите, плачат Манастирите.
И Јован Златоустиот плаче, се удира в гради.
Не плачи, свети Јоване мој, в гради не удирај се,
Замина Романија, ја однесоа Романија.
Иако замина Романија, цути и ново ќе донесе!

Извор: http://romaia.blog.mk/2010/03/11/romaniaeparthen/

{youtube}mx3UXBt5-Uw{/youtube}

{youtube}dti4isXQ7Tc{/youtube}

{youtube}Fr9X9zJUPzM{/youtube}

{youtube}2w28ZK2MAZ8{/youtube}

{youtube}AqqGMkkNGVM{/youtube}

{youtube}y9TQI51XJzM{/youtube}

{youtube}h6keMNSMIDA{/youtube}

{youtube}kkDLF_eCiPQ{/youtube}

{youtube}_ZHu53AY5ao{/youtube}

{youtube}nOigjNVlXZY{/youtube}

{youtube}Gfq6MJ6XwMg{/youtube}

{youtube}XDEbaIaytOc{/youtube}

{youtube}GC98Q2PAdWE{/youtube}

{youtube}p22Z1siYlKY{/youtube} 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »