Видео запис за монашката песна „Среде пустинската убост“, изработен од стручни тимови составени од директори на фотографија, продуцент, монтажер и режисер, веќе извесен период наназад присуствуваа во Бигорското светилиште, трудејќи се да го стават на камера секојдневниот монашки живот во Обителта. Станува збор за песна која е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од светогорски монах, што Бигорското братство ја преведе и препеа, создавајќи композиција која плени со прекрасните стихови што ја искажуваат длабочината на монашкиот живот, а архаичната мелодија, пак, успешно го пренесува мистичниот амбиент во кој живее и се движи монахот. Стручен тим: Режија и монтажа: Горан Костадинов Камера: Кристијан Теодоров, Александар Ивановски Дрон: Дарко Данилов Постпродукција: Огнен Шапковски © Сите права се задржани Текст: Среде пустинската убост Среде пустинската убост, во гори и пештери, кај што цвеќињата цутат, кај што птиците пеат. Таму има чисти нешта, како полски кринови, и од розата покрасни, Христовите монаси. Се збогуваа со светот, другари, родители, сега Бог и сите свети таму им се роднини. Дење, ноќе, слатко пеат за Спасителот Христа, Кој ги украсил со доблест и со многу благодат. Пред изгрејсонце, во мракот, уште пред да зазори, пред да почне птичја песна, тие се на молитва. И ангелите се со нив и ги окрилуваат, им ја земаат молитвата и ја носат нагоре. Секој миг, со раце слаби се држат за молитва, бројаницата свештена и житијата свети. Секогаш возвишени се во небесни висини, како дрвјата без лисја и со бледи ликови. Штом камбаната се слушне со симандрото чујно и клепалото штом тропне, животот се менува. Нè облекоа во расо, во свештена облека и ни дадоа и схима - одиме за Голгота. Нивната трпеза красна, храната осветена, колку скромна таа да е, срцата ги весели. Цареви заради ова венците ги фрлија, за без лик и чест да бидат в ќелија затворени. Што ми користат и браќа, ближни и пријатели? Кога смртта ќе ми дојде, никој не ќе помогне. Ако носам и јас раса, тоа не е доволно, треба световниот живот сосем да го оставам. Добро здравје, драги браќа, другари и роднини, не можам јас веќе овде, во животов световен.

Свештена Бигорска Обител