[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=36jLEOTCfHg[/youtube]

Денес, Велика сабота 2018 година, во 13:17 часот по македонско време, во Кувуклијата во Ерусалим се симна благодатниот оган. Неговата Светост, Патријархот Теофил III Ерусалимски го предаде на верните кои во молитва го очекуваа овој радосен настан. Со делегации од помесните Православни Цркви, оганот ќе биде пренесен на сите краишта на земјата.

Годинава за прв пат неговото пристигнување ќе биде организирано на официјално ниво меѓу Македонската и Бугарската Црква. Благодатниот оган на аеродромот во Софија ќе му биде предаден на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, којшто ќе биде испратен со благослов од нашиот поглавар, неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан. Веднаш потоа митрополитот Иларион со хеликоптер ќе замине за Скопје, од каде што Благодатниот оган ќе биде раширен низ православните храмови ширум Македонија.

Денес, Велика сабота 2018 година, во 13:17 часот по македонско време, во Кувуклијата во Ерусалим се симна благодатниот оган. Неговата Светост, Патријархот Теофил III Ерусалимски го предаде на верните кои во молитва го очекуваа овој радосен настан. Со делегации од помесните Православни Цркви, оганот ќе биде пренесен на сите краишта на земјата. Годинава за прв пат неговото пристигнување ќе биде организирано на официјално ниво меѓу Македонската и Бугарската Црква. Благодатниот оган на аеродромот во Софија ќе му биде предаден на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, којшто ќе биде испратен со благослов од нашиот поглавар, неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан. Веднаш потоа митрополитот Иларион со хеликоптер ќе замине за Скопје, од каде што Благодатниот оган ќе биде раширен низ православните храмови ширум Македонија.


Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/video-se-simna-blagodatniot-ogan-2018/ .