Прашање од Д.А.: Ќе ве молам,ако можете да ми одговорите на моето прашање кое ми создава забуни.На хрватската телевизија гледав заедничка молитва во католички храм, на разни (така ги они викаат)религиозни заедници. Службата ја раководеше еден монсињор, учествуваа и евангелисти и католици и адвентисти и што уште не. Меѓу нив беа и представници од МПЦ и од СПЦ кои дадоа и изјави.”Нашиот” се викаше Кирко Велински, имаше брада од два дена небричена.Не знам дали и МПЦ е во Светскиот црковен совет, дали сме веќе унијати или што е посреди. Простете ако некого навредив.
Одговара : отец Горан Тасески
Господ да ви дарува секое добро .
Дијалогот меѓу религиите и конфесиите на христијанката вера мора да постојат, тоа не е спорно. Молитвените собири но со принесување на свои - православни молитви, на тие собори исто така не е толку спорно . Но, да се вршат заеднички богослужби особено св. Литургија тоа е ите како спорно. Во конкретниов слуцај за кој јас не сум изворно запознат не ми се верува дека станало нешто такво . Светата Соборна и Апостолска Црква е должна да ја чува Вистината за Бога , а со тоа и животот на членовите на Црквата треба да биде, раководен според Вистината . Христос е Патот , Вистината и Животот, а Христос е Еден, Една е и Црквата основана од Него во која обитава Светиот Дух за спасение на сите оние кои го одат патот на спасението ја сведочат вистината за Бога и со тоа се пруклучуваат на животворните сили и енергии Божји, кои делуваат во црквата Божја. Само така може да се стигне до живот вечен во Царството Небессно. Затоа неможе да се жртвува Вистината во името на љубовта кон брачата и сестрите кои се вон црквата, туку Вистинската Љубов кон нив ќе ја покажеме ако им ја посведочиме Вистината , Патот и Животот и ги повикаме и тие да го врват тој пат кој живот значи. Амин