"Nikex" е туристичка агенција која постои од 1997 година, членка на ATAM – Асоцијација на туристички агенции во Македонија. Со новиот закон за туризам, Nikex поседува лиценца “А” за вршење на туристичка дејност и е докажан туроператор за Израел, Русија како и за други држави.
Љубовта кон Единиот Бог и светото православие, беше причината да се оформи овој посебен оддел “Отецник” ( www.otecnik.com ) во склоп на туристичката агенција Nikex, задолжен за планирање и организирање на поклонички патувања во Македонија, Русија, Израел како и во другите христијански земји. Нашето мото “По стапките на светите Отци” е наша секојдневна инспирација, се со цел да ви помогнеме за подобро, достоинствено и торжествено да го прославиме Бога и посетиме Светите од Бога благословени места. Секој програм е оформен, после долго истражување на духовната култура на понудената земја. Избирани се неодминливите и секогаш впечатливите културни и духовни споменици.
Имено оваа интернет страна претставува дополнување на веќе постоечката www.nikex.com.mk , и е наменета за подобро и детално да Ве запознаеме со нашата заложба околу поклоничките програми наменети за верници од христијанската вероисповед.
Голема благодарност до сите клиенти кои ги оствариле своите соништа преку некој од понудените програми, и ветување од Тимот на Nikex – Отецник дека и во иднина ќе се трудиме да ги исполниме вашите желби и очекувања.


Со љубов во Христа
t.a. Nikex